Набројте неколку британски модни икони! Нема да Ви биде тешко, зашто низ историјата ќе сретнете многу луѓе од Британија кои имале свој уникатед стил! Сепак, една од нив е дефинитивно, можеби, најозборуваната британка, која секогаш кога ќе посака ги полни медиумите. Секако, зборувам за Victoria Beckham.
Дека не ја бидува за музика, се уверивме неколку пати. Дека е "ладна" сопруга, никогаш нема да докажеме. Ама дека е модна икона - ФАКТ! Иако, долго се зборуваше за тоа дека го "цеди" буџетот на семејството за модни брендови, кога и саматa реши да се впушти во дизајнерските води им докажа на сите дека некои работи не се случајни. Најновото е нејзината колекција од очила за сонце.
Иако, без некој конкретен концепт, освен тоа да се биде максимално во тренд со сегашните налагања изгледаат примамливо. Ќе забележите дека кај дел од колекцијата е забележливо влијанието на Ray Ban, како и на масивните очила на Dior. Како и да е, понудените модели се (во најголем дел) сосема различни едни од други, што говори дека таргетот за кој се наменети е поширок и веројатно опфаќа припаднички од понежниот пол со дури и контрасни модни "филозофии".
Можеби не ја бидува за многу работи, ама за мода (и полнење весници) ја бидува! Напред Vicky!
Do you like them? WhatZzz your opinion?
i actually, really like them!! :D
ReplyDelete