Чекав малку да се "спушти топката" околу првата гала - вечер на Macedonian Idol. Пред да почнам со коментарите за натпреварувачите, да напоменам дека сцената изгледаше одлично, со замерка за нејзината плоштина, која сметам дека настапите со танчери (ако такво нешто е планирано за нашиот Idol) ќе бидат многу ограничени! Ми се допадна фактот што има многу публика, која ги "тренира" кандидатите за она што ги чека понатаму. За разлика од сцената, "црвената соба" изгледаше како "зелената" од македонската Евровизија. Бледо и "комунистички". Исто забележав и една гомила на технички грешки, неусогласеност меѓу тимот, особено со водителите (кои, барем за сега, даваат сé од себе) што заедно со "круговите" кои ги гледавме за време на секоја репетиција страшно иритираа. Time - management-от на тимот - катастрофа! Изборот на темата исто така сметам дека беше утната. Сметам дека требаше да биде оставена за понатака... кога кандидатите ќе стекнат повеќе искуство. Дека сум во право... докажаа интерпретациите.
Во продолжение конкретни коментари за кандидатите (по редот по кој настапуваа):
1. Иван Раденов - На почетокот бурно, за да подоцна го загуби здивот. Интерпретацијата беше ОК, но само толку. Слаба контрола врз себе, особено на релација играње-пеење и нивниот сооднос. Стајлингот - без имагинација. Кој и да го работел, или не бил инспириран или... :/ Очекував повеќе од Иван.
2. Јана Бурческа - Дека Јана може многу подобро да испее видовме на претходните нејзини настапи. Дали песната беше утната или друг беше проблемот... не знам. :/ Стајлингот - добро сработен, но веќе виден. Ми пречеше тоа што голем дел од интерпретацијата беше здрвена, без движења, на еден момент дури и со раката в џеб - што е неприфатливо. Слабо Јана...
3. Ивица (Иво) Велоски - Колку само не знае да се однесува пред камера!!! На најавната шпица имав чувство дека е сосема незаинтересиран да говори за себе. Погрешен пристап! Во однос на интерпретацијата ќе речам дека беше добар, со исклучок на фактот дека на крајот остана без здив и на моменти фалшираше. Стајлингот беше недефиниран... не го разбрав, искрено. Косата е одвратна, под итно да направи промена!!! За тоа како се движеше на сцена, немам некој посебен коментар... ОК.
5. Дејан Јованов - Беше еден од оние со подобар стајлинг. И само толку. Интерпретацијата беше солидна, но ништо повеќе од тоа. Се трудеше да не го имитира Тоше. Во однос на движењата на сцена, како да беше збунет... ама скроз. Ако неможеш да се издвоиш од останатите, што на Дејан никако да му успее, тешко дека ќе успееш. :/
6. Емилија Ѓорѓевска - Не го промени моето мислење дека "зазема место" на некој подобар од нејзе. Интерпретацијата беше подобра од претходниот пат, но сепак далеку од очекуваното. Бојата на гласот едноставно не можам да ја "сварам". Имаше чувство за сцената, ама не ја искористи најдобро. Стајлингот, хмм... добра замисла и не баш така добра реализација. Кошулата требало да е помала, а здолништето со поголем волумен за да изгледа перфектно. Еми е доказ, меѓу другото, дека шминката и фризурата прават чуда! :P
7. Виктор Апостоловски - Кога на најавата си се испофали со мускулите, си помислив дека тоа е најмизерното нешто што ќе во видиме на тој концерт. Се излажав. Во однос на интерпретацијата на "Боже чувај ја од зло" ќе кажам дека звучеше ко средношколец. Немаше некои големи фалшови, но цело време "играше" како Justin Timberlake, да не речам Bieber. Стајлингот сеуште потсетува на Timberlake, што ме иритира. Децата кои скокнаа на сцена по настапот беа црешата на шлагот! И уште он е горд на тоа...? :/ WOW!
8. Билјана Ѓошева - "Трансформерот" на Macedonian Idol. Секоја трансформација одлично ја носи, што со секој нареден концерт само го оправдува моето мислење дека дека таа е фаворит, а дека поседува сé што треба да има една ѕвезда... видовте и сами. Интерпретацијата на Билјана беше одлична, многу подобар избор на песна за нејзиниот вокал, во однос на Paparazzi, на која успеа да и остави свој впечаток. Движењата сосема во склад со песната и распростанетост низ целата сцена, што за балада не е лесно. Само напред!
9. Нико Ѓоргиевски - Кој пакет! Не беше тешко да се воочи колку удобно тој се чувствуваше на сцената. Стајлнигот беше одличен, во склад со неговиот имиџ (оној кој го прави во Idol) и покрај тоа што вратоврската остава простор за дискусија. За интерпретацијата немам коментар. Фасцинира со својот вокал!
10. Јулијана Јованова - И покрај тоа што беше солидна нејзината интерпретација, сметам дека со друга песна ќе звучеше подобро. Стајлингот во суштина добар, но премногу сигурна комбинација. Со коментарот на прерамки (на Калиопи) сосема се сложувам. Накитот беше утнат! Она што ја придружуваше и овој пат беа фацијалните изрази, кои беа одлични, а за театралноста на сцена само се сомневам дали е она што треба да го задржи или да го промени во своите настапи.
11. Христијан Тодоровски - За време на рефренот звучеше ОК, ама на останатите делови како да беше засипнат. Целиот настап беше доста енергичен, но во голема мера и "уфилман". Стајлингот сосема збунивачки. Спортски и класични парчиња, различни стилови на едно место. Мене лично не ми се допадна. Сепак, она што уште повеќе не ми се допадна беа малите девојчиња кои се качија на сцената по настапот. Кој и да го дозволи тоа, не смее повторно да си допушти такво нешто. А реакцијата на Христијан... изгледа имаме 2ца Bieber-овци на Macedonian Idol (заедно во Виктор). :P
12. Елизабета Јовановска - Наместо "некој" да ги послуша коментарите дека Бети минатиот пат изгледаше како баба, пак ја облекоа во земјени бои. :/ Русокоса како нејзе ќе изгледа многу подобро во ладни бои, како актуелните варијанти на сино и зелено! Како и да е, нејзиниот глас плени. Има прекрасна боја на гласот и совршена контрола врз истиот додека пее. Единствената замерка за настапот, освен стајлингот, се однесува на тоа што не ја искористи сцената во целост и покрај тоа што поголем дел од песната играше како дама. :)
13. Мики Секуловски - За таква специфична боја на гласот, каква што поседува Мики, е тешко да се најде соодветна песна, што се докажа на овој концерт. На моменти беше смирен, на моменти се однесуваше како да изведува некоја хард-рок песна, што "Зошто отиде?" сигурно не е! Гардеробата сериозна, но фино спакувана. Сепак, мене овој настап ми беше меѓу најмалку омилените.
И не случајно ја оставив за крај. Девојката која едноставно немаше среќа.
4. Катерина Симоновска - И покрај тоа што можеби во претходниот блог не оставив впечаток дека ја подржувам најмногу, сепак навистина не сакав и не очекував да испадне на првиот голем концерт. Овој нејзин настап беше, според мене, подобар од оној на малите концерти. Постојано беше насмеана, постојано се движеше, имаше одличен избор на песна за нејзниот вокал. Сепак, стајлингот еднаков на катастрофа. Портокалови "чаршафи" не помагаат за создавање на имиџ. Можело многу подобро. А можеше и друг да си оди дома. Но реалноста е таа. Куманово, по којзнае кој пат, пак ќе биде исклучен од директно учество во битката за победа. Сепак, на Кате и посакувам многу среќа понатаму и подобар тим кој нема да дозволи да настапи "маскирана".
За крај само ќе кажам дека потрагата по фотографии од концертите е како да барате игла во сено, па не ми замерајте за некои од нив.
CommentZzz?
Po moe mislenje Viktor e najdobriot i e sledniot Makedonski Idol
ReplyDelete