"Шоуто на жирито", како што една моја драга колешка го нарекува шоуто, конечно дојде до финалната фаза. Заврши мачно- долгиот процес на избор на 20-те најдобри, па адреналинските мали концерти. Сега следува она кое што се чекаше... Големите концерти и финалниот избор.
Моите коментари тука, главно, ќе бидат главно насочени кон она што тие 13 го покажаа на малите концерти. Нема лутење! Ако некој не се согласува со мене, само ќе кажам - "Секој има право на свое мислење", а моето е следно: (наредени се по случаен избор)
1. Христијан Тодоровски - Искрено, до пред една недела, еден од моите фаворити. И тогаш неколку интервјуа кои ме доведоа до заклучок дека во ова дете се крие големо его и желба преку Macedonian Idol да се стекнат "милион" пријатели на Facebook. Ќе мора да го промени пристапот кон целиот процес за да го сместам меѓу моите фаворити... повторно.
2. Емилија Ѓорѓевска - Настапот на малиот концерт - фијаско! Ја упропасти песната на P!nk! Во меѓувреме добив информации дека цело Тетово било излепено со плакати, кои и помогнале да собере доволно гласови за понатаму. Ако се суди само според настапот на малиот концерт, Емилија "зафати место" на некој подобар од нејзе.
3. Дејан Јованов - Сите забележаа дека работел на својот настап, ама пак изгледаше... "бледо". Не остави некој голем впечаток, што сметам дека е хендикет за секој кој сака да продолжи да работи во овој бизнис.
4. Јана Буческа - Контраст на Дејан. Не само што остави впечаток, туку и одлично сработи сé останато, додека го работеше тоа. Низ целиот процес, ја знаевме како "девојката 666" (поради бројот кој го носеше), сега повеќето ја знаат како "Tina Turner од Macedonian Idol". :D
5. Виктор Апостоловски - Се крена голема прашина околу муабетот дека за Виктор е договорено да победи уште пред да почнат малите/големите концерти. На првиот концерт беше страшно слаб неговиот настап. На вториот подобар. Како и да е, ќе речам дека Македонија сега има свој Justin Bieber, а што подразбирам под тоа, "преведете" си сами.
6. Јулијана Јованова - Уште еден од оние натпреварувачи за кои се ширеа гласини. Овојпат дека извесни "спонзори" ги платиле телефонските гласови со цел Јулијана да оди понатаму. Дали има вистина во ова или не, не можам да знам, но знам дека нејзините настапи, во најмала рака, беа солидни. Веројатно ќе ја гледаме подолго време. Настапот на малиот концерт - театрален! :)
7. Иван Раденов - Не можеше да се најде што да се критикува, па сите се нафрлија на стајлингот, кој воопшто не беше негов "производ". Одлично испеа, има голем капацитет да направи кариера. Голема замерка за веѓите. Гледав дека ги водеа сите натпреварувачи на козметичар, па се надевам дека нивниот "волумен" е намален. :P
8. Елизабета Јовановска - Кога разбрав која песна се одлучила да ја пее, си реков дека ќе направи голема грешка. Потоа видов дека во Македонија постојат луѓе кои Hurt (една од најтешките песни за изведба од поп-музиката) можат да ја испеат без фалширање. "Бабинскиот" стајлинг се надевам дека нема да и го повторат. Секоја чест!
P.S. Не знам колку се сеќавате на нејзиното учевство на М2, ама таму, она ми беше фаворит. :D
9. Мики Секуловски - Не знам зошто, но кај Мики не гледам капацитет за да биде ѕвезда. Таа трансформација која ја видовме, ми беше премногу голема. Имам чувство дека тој самиот нема визија за тоа како да се разликува од останатите ... нешто што според мене, во услови на денешниот шоу- бизнис, е пресудно! :/
10. Катерина Симоновска - Голема подршка по локална линија. И за да не ја фалам во долги параграфи да дадам замерки. Ме изненади моментот кога во најавната шпица таа изјави дека сфатила дека сценски настап и е потребен дури откако воочила колку момците биле подготвени. Сметам дека за некој кој претендира да биде Идол, тоа треба да е "out of a question". Втората замерка се однесува на изборот на песната. И покрај тоа што одлично ја испеа избраната, за понатаму сметам дека ќе и требаат посмели песни, кои знам дека може да ги испее. Како и да е, со нејзиниот специфичен вокал и подршката на Куманово, има 2 големи адути за понатаму! :D
11. Иво Велоски - Еден од ретките кој успеа уште на почетокот да ми создаде впечаток кој не ми се допадна. Во суштина не сакам его-центрици, па јасно ви е зошто и тој не ми се допаѓа. Неговиот настап беше за пофалба, меѓутоа сите знаеме дека за да биде ѕвезда, потребно е многу повеќе од настап, а општиот впечаток кај јавноста е меѓу најбитните.
12. Билјана Ѓошева - Еден од моите фаворити и веднаш да напоменам дека тоа нема врска со Lady Gaga. :P Уште за време на долгиот процес, Билјана беше една од ретките кои не бегаше од камерите и ми остави впечаток. На првиот од малите концерти постави стандарди за елеганција, на вториот отиде во сосема спротивна насока. Можеби вокално не е најдобра меѓу девојките, но во однос на "X-факторот" е лидер! :D
13. Нико Ѓоргиевски - Колку само ме изнервира кога не ја избра "Luna tu" за првиот концерт. Тоа е доказ дека треба да се следи инстиктот, а не она што некој музички продуцент го мисли. За Нико уште ќе кажам и дека не очекувам да оди многу далеку, од проста причина што квалитетните музичари во Македонија, никогаш не се вреднувани... барем не додека се живи. :/
И на крај уште нешто, поврзано со солзите на Иванна ( "нн"-то треба да ви сугерира дека зборувам за водителката). Дали мислите дека истите беа искрени, поради фактот што таа проведе многу време со кандидатите, па се соживе со нивната приказна, или едноставно сето тоа беше (лоша) глума? :D
На овој или на оној начин, со вакви или онакви кандидати, центарот на вниманието на целото шоу е кај жирито, што според мене е сосема погрешен пристан.
CommentZzz anyone?
No comments:
Post a Comment