21 March 2011

Rusinka - Official Video

LetZzz comment about Vlatko Ilievski's Rusinka - Official Video
И не дека вреди многу да се коментира македонскиот претставник на 56-то Евровизиско шоу, ама сепак... вреди да се критикува. :P Денес официјално на повеќето македонски портали (веројатно) ја дочекавте "фантастичната" вест за премиерата на спотот. А коментари за спотот...
Прво, концептот е веќе виден, дури и излитен. Потоа, на моменти ко да брза Влатко демек "воз ќе му побегне", на моменти делува ко да не знае кај треба да оди. Друг момент ми е собата со "бендот". Што мајка, бараат они таму... Да не е случајно рок песната, а ние да не сме знаеле? :D Танчерите.... леле, а они? Кој ги бираше нив? Сеа и поените од Русија ги изгубивме, пошто ги претставивме русите ко феминизирани "активисти" (you got what I mean)! :/ 
Пак ќе се вратам кај "бендот". Што беше тоа на вратите??? Ако е тоа што мислам дека е.... тогаш секоја чест. Баш не претставува во идеално светло. Сигурно сите бендови во Македонија имаат по некоја табла за јајца во просторијата кај што се спремаат! :P
И покрај тоа што не разбирам зашто ул. "Јорданчо Талев" е толку битна, ќе напоменам дека моментот со хармониката и девојката со рози е веројатно еден од ретките "фини" моменти во спотот покрај Елена Трајановска (русинката :P ).
Глобално Влатко остава впечаток дека сево ова го прави заради забава, а не знам што е забавно во тоа да си ја брукате државата... :/
Како и да е, ќе му посакам среќа понатаму и покрај тоа што според сите обложувалници сме последни, што никогаш досега не ни се случило (верувале или не.... а ако не, проверете сами :P).
CommentZzz?
Во продолжение, за сите оние кои го немаат видено, "спектакуларниот" спот за "Русинка"-та!

1 comment:

  1. ripni vamu,drpni zadnik,skokni tamu ,mislam edna rabota fali vo spotov a toa e Vlatko na kraj da si ja trasni glavata od ona imporviziranine zidovi i eden blood efect da ima toa ke bide sreka! :)))

    ReplyDelete