Да не се случеше трагедијата на 11 Февруари 2010, една легенда денеска ќе славеше роденден. Човекот чие влијание во модната индустрија промени многу теркови, размислувања, идеи... човекот чија работа и постхумно останува да биде инспирација за другите... Alexander McQueen! Намерата токму денес да напишам нешто за него е токму идејата дека легендите имаат само ден на раѓање!
Беше роден да остави свој траг врз модата, беше обожуван од сите оние кои сметаа дека модата е израз на карактерот и размислувањата, беше идол за оние кои веруваат дека соништата се исполнуваат, беше дизајнерот кој сакаше да ја премине црвената линија, беше лик кој успеа да создаде бренд од своето име и модна куќа која и денес, на мое големо лично задоволство, продолжува со работа во неговиот дух, а Е иконата чие отсуство, и тоа како, се чувствува!
Што и да кажам повеќе е беспотребно. Жал ми е што животот така му заврши, но драго ми е што живеев во неговата ера!
RIP you dear legend!
I believe that no commentZzz are needed!Во Post Scriptum Ви оставам неколку видеа.
Првото е снимка од последната модна ревија на модната куќа Alexander McQueen, под дизајнерска палка на младата Sarah Burton.
Така, доби многу критики за оваа колекција, кои во најголем дел не се позитивни. Моето лично мислење е дека нејзиниот пристап ја губи храброста на Alexander во однос на изборот на материјали и дека целава колекција изгледа "премногу комерцијално". Сепак, морам да напоменам дека обувките се монтрузоно добри, па дури и изгледаат како самиот Alexander да ги има дизајнирано.
Второто видео е токму една од моите омилени ревии на дизајнерот.
Веројатно е лесно да се препознае оваа колекција, која ги остави модните критичари со "отворени уста". Генијалност, пред сé!
Третото видео музичко видео чија костимографија ја работеше токму Alexander McQueen!
За Bad Romance треба да се напомене дека беше прогласено за најдобро видео на годината од највлијателните музички критичари и собра една гомила награди. За Lady Gaga пак, треба да се напомене дека, освен тоа што беше многу блиска пријателка на дизајнерот, беше и веројатно неговиот најдостоен и најверен промотор!
i could die for theese
ReplyDeletehttp://iwantigot.geekigirl.com/wp-content/uploads/2010/07/McQueenFall2010Shoes.jpg