Пред 10-тина години Fashion Show во светската терминологија претставуваше кратка презентација од моден карактер. Потоа се појави Karl Lagerfeld и докажа дека всушност зборот show не е случајно дел од оваа фраза.
Овогодинешната презентација на колекцијата на Chanel Fall/Winter 2011/12 беше само репрезент за тоа колку е голема оваа модна куќа. Со огромна сценографија, инспирирана од вулканите, со чад и магма на неа, пренесена преку најдобрите (слаби) манекенки на сегашноста, преку музика која совршено се вклопуваше во амбиентот едноставно фасцинира.
Сепак, неколку интересни факти околу шоуто ја заинтригираа светската модна јавност. Прво, немаше високи потпетици во кои манекенките би "кршеле нозе", како што тоа вообичаено се случува на ревиите потпишани од Lagerfeld.
Друг интересен податок е тоа што на исто шоу, во иста вечер, Chanel направи промоција и на машката колекција за конкретната сезона. А доколку се обидете да го пронајдете временскиот период кој служел како инспирација за кројот на моделите, ќе наидете на двоумење. Влијанието на 80-тите е несомнено присутно, меѓутоа се појавува само како база. Ќе наидете на елементи од 20-тите, 30-тите, па дури и 60-тите кои се сосема контрасни на претходниве периоди. Боите кои Lagerfeld ги предвидува за сезоната Есен/Зима 2011/12 се главно од палетата помеѓу црната и белата.
Како и да е, при недостаток на високи потпетици, уште повеќе ми фалеше женственоста која во колекциите на Chanel обично е нагласена, дури и на линија на приоритет, а во оваа колекција некако недостасуваше, што вооедно, заедно со фактот дека "машкиот крој" на панталони за жените воопшто не ми се допадна, се единствените работи кои не ми се допаѓаат. Сепак, Chanel е Chanel и секогаш е во мода.
За оние кои сеуште не го погледнале show-то, квалитетна снимка во продолжениe.Do you have any commentZzz? Let me know if you do...
i loved it!!! =))))
ReplyDeletejas, naprotiv bev mnogu projatno iznenadena od "mashkiot kroj" i minimalizmot sto bese prikazan i faktot deka kolkcijata bese po jaka i mocna na nekoj nacin! =))))
me like! =)))
http://ivannascloset.blogg.se