LetZzz Comment about the Academy Awards!
Ќе пишувам на кирилица и на стандардизиран јазик од проста причина.... да видам како тоа ќе изгледа... :P Сепак сум нов во оваа работа, нели? :)
За самите награди нема многу да коментирам, барем додека не ги изгледам сите филмови кои биле номинирани. Дел од нив ги имам видено досега и ќе кажам дека, ако јас се прашувам, Natalie Portman е осудена засекогаш да биде вбројувана заедно со Gwyneth Paltrow во категоријата на "незаслужени" оскари. Веројатно голем дел од вас нема да се сложат со мене, ама еве ги моите размислувања. Дали знаете колку "големи" актерки имаат влезено во таа сала и си имаат излезено без златна статуетка? Одговорот - Многу! Дали знаете колку подобри изведби имале за номинација, а останале без Оскар? Одговорот - Многу подобри! Само среќата на Natalie е во тоа што, за разлика од оскарот на Julia Roberts која и го "здипли" оскарот на Ellen Burstyn (на сите многу попозната како бабичката на метамфетамин од Requiem for a dream), Natalie годинава немаше конкуренција. Очигледно треба да знаеме да играме балет за да добиеме оскар... :/
Како и да е, толку за самите награди, за кои само уште ќе додадам дека беа здодевни како предавање за СИДА. Она на кое ќе обратам повеќе внимание и за кое сметам дека американските модни критичари дадоа "помалку" чудни оценки е секако Red Carpet! :D Ќе почнам со најдобро оценететите според според "професионалците" пред да ги издвојам моите фаворити.
1. Natalie Portman - најдобро облечена според многумина. Според мене, не баш така најдобра. На сите ни е јасно дека е бремена и дека не може да очекуваме да ја видиме во секси издание кое совршено ќе и прилега, ама сепак сметам дека можела подобро. Нема да си дадам за право да оценувам, па така, оценки нема да видите. ;P
2. Nicole Kidman - кога го видов ова не знаев дали да плачам или да се смеам. Според најголем дел од критичарите доби оценка D што е можеби повеќе од заслуженото. Неа сме навикнати да ја гледаме во совршени изданија... ова е "фијаско"!
3. Anne Hathway - Ја гледате на прв поглед и ќе кажете "црвениот фустан на Valentino е вечно во мода" и тогаш ќе ги забележите тие одвратни цветови на долниот заден дел на фустанот. И се прашуваш кој е полуд, дизајнерот или тој што го носи чудово. Hathway обично е во групата најдобро облечени... тука едноставно потфрли!
4. Reese Witherspoon - за разлика од нејзината "поцрвенета" колешка, Reese знае што се прави кога немаш идеја што да облечеш на Red Carpet - облекуваш безвременска класика инспирирана од гламурот во Холивуд во 6о'тите години од колекцијата на Giorgio Armani Prive. Можеби изгледа како сигурна комбинација, без ризик, ама целиот впечаток е совршен.
5. Javier Bardem & Penelope Cruz - и зашто сите ги коментираат заедно? Па ај исечете ја сликава, како што правите за на Facebook. :P Што да се каже за Javier освен и тој да се стави во машкиот сегмент кој годинава навистина се имаше потрудено многу повеќе отколку вообичаено. Комбинацијата со елек со малку сјај е полн погодок. А кај гледаат машките на оваа слика? :) Во деколтето на Penelope, се разбира. Да не беше "приновата" толку бргу, сите ќе и замереа. Вака, сите се восхитуваа. :)
6. Sandra Bullock - една од оние кои добија високи оценки кои според мене се незаслужени. Фустанот на Vera Wang едноставно "вришти" и самата Sandra како да се губи во него. Ова црвено е едноставно... премногу црвено. Замислете го во темно сина! (:
7. Scarlett Johanson - средни оценки од "професионалците", малку послаби од мене. Каде се облините кои обично ги "шета" на црвениот тепих? Бојата на фустанот, сметам дека совршено и прилега, но материјалот (кој впрочем изгледа ко бовчата на баба ми) не може да се опрости. :)
8. Gwyneth Paltrow - обично "парадира" во фустани кои се далеку од "створени за неа", па зошто и годинава да биде поинаку. Изгледа ко една голема вертикална линија. Масивна алка или кадрици ќе направеа голема разлика. Не ги разбирам критичарите кои и дадоа супер оценки.
9. Mila Kunis - не знам што е повеќе збунувачно: тоа што изгледа ко да е гола или тоа што бојата на фустанот е утната ко рекламата за "Пелистерка"? Од девојка која претендира да биде најсекси жена на светот не очекувате каков "испад".
10. Helena Bohnam Carter & Tim Barton - премногу ексцентрични да бидат вистинити и премногу големи генијалци за да се осудам да ги коментирам. Сепак изгледаа одлично, особено ако се земе в обзир фактот дека практикуваат да шокираат, посебно Helena.
11. Michelle Williams - бледо! Да не беше текстурата на фустанот...
12. Busy Philipps - стварно беше busy! Пренатрупано!
13. Christian Bale - совршен за ново заштитно лице на Gillette! Брадата е одвратна! Избричи се човекУ! :P
14. Hailee Steinfeld - ги "стопи" сите. Совршена! А има само 14 години!
15. Amy Adams - мене ова воопшто не ми се допадна. Така привлечна жена, можела многу подобро. Пофалби за накитот од емералд и дијаманти од Cartier Jewels... и толку. Другото не е за пофалба. :/
16. Justin Timberlake - искрено од "пискалото" очекував многу подобро. Палтото е подолго отколку што треба да биде, а панталоните се некако широки. Изгледа како да има утнато цел конфекциски број.
17. Celine Dion - Да не го познавав стилот на Celine и да не знаев дека белата е нејзината омилена боја, можеби и немаше да ми допадне толку. Совршено изгледа во фустанот, во склад со годините. Накитот е прекрасен, а косата, исто така, совршена. Да беше малку похрабар овој избор, ќе се најдеше во TOP 5-те, според мене. :D
18. Jeremy Renner - Едноставно и покажа на машката половина на црвениот тепих, како треба да се изгледа. Сепак, да одлучував јас, би земал сако со 2 копчиња наместо 1. Salut! :)
19. Russel Brand - Ako Justin имаше (пре)широки панталони, Russel ко да штедел на материјал. :P Можеби, така тесните панталони ќе ми се допаднеа многу повеќе, доколку кројот беше поинаков. Сепак, боите и комбинацијата на горниот дел од телото е за пофалба.
20. Melissa Leo - Боже мили! Тантелата е во мода - ФАКТ! Ама треба да знаеш како да ја носиш! Фустанов изгледа ко да е составен од "миленцињата" на Хајрие (или како и да се вика) од турскиве серии! КАТАСТРОФА!
21. Annette Bening - на американските критичари многу им се допадна. Мене ми личи на лампион! :/
22. Sharon Stone - женава изгледа стварно била stone кога го бирала outfit-от! Целово чудо изгледа како на фустанот на Morticia Addams ( од Addams familly) да имате додадено неколку мртви кокошки, а на главата да има лоша копија на фризурата на Amy Winehouse! Разочарувачки!
23. Mark Wahlberg & Rhea Durham - една од предностите да си познат е да имаш вака убава жена. А предност да имаш вака убава жена... ако утнеш на Red Carpet не се замараш. И онака сите во неа ќе "ѕверат". Mark изгледаше задоволително во Giorgio Armani, додека на Rhea и успеа нешто што сите жени го посакуваат таа вечер... да биде "различна" од останатите.
24. Marisa Tomei - кое разочарување! Утнат фустан со сосема погрешен крој, необраслива фризура и накит кој никако не можам да го поврзам со сето останато. Кој и го имаше скриено огледалото, кажувајте одма?! :P
25. Mark Ruffalo - изгледаше супер! Особено ми е драго што беше еден од ретките кој продефилира со седите влакна и немаше проблем со тоа.
26. Mandy Moore - WTF?! Фустанот е тотално утнат, а портокаловиот кармин не сакам ни да го коментирам! Де бе, кој ги облекува луѓево? :o
27. Robert Downey Jr. "feat." (his wife) Susan - Совршено ускладени и покрај тоа што малку наликуваа како да одат на коктел- забава.
28. Virginia Madsen - изгледа Virginia и Sharon Stone заедно биле во "набавка" по кокошки! Скроз вештачки outfit!
29. Florence Welch - дури и да се обидам ова неможам да го разберам. Едно е да имаш свој уникатен стил, а сосема друго е на Оскари да се појавиш вака облечен/а!
30. Matthew McConaughey & Camila Alves - да не беше тонот на кожата на Matthew ко на кукла, ќе речев дека изгледаа совршено. Изборот на гардеробата - совршен и за двајцата, а особено како целина!
31. Cheryl Hines - освен "пластичната" насмевка, не "штимаа" и некои други работи. Формата на фустанот е едноставно збунувачка! :/
32. Hugh Jackman & Deborra-Lee - Зборував за убавите парови на црвениот тепих, а сега Hugh Jackman и неговата пердувеста баба... жена де! Сите гледаа во "нојот", па неговиот повеќе од солиден outfit ретко кој го примети.
33. Aishwarya Rai - Колку и да фустанот не е најдобриот избор, главно поради формата во долниот дел и бојата која делува еднолично на целиот outfit, погледот едноставно оди кон прекрасното лице. Сепак, за нареден пат - одбери нешто посмело.
34. Julia Ormond - Освен начинот на кој тантелата стои врз сатенот, ништо друго не ми се допаѓа. Утка!
35. Josh Brolin - Не знам колку може да се забележи на оваа слика, меѓутоа цело време изгледаше дека панталоните ќе му паднат. Може некој да му позајми каиш? Или барем да му објасни за што се користи? BTW оделото е одлично!
36. Maria Menounos - безвременска класика! Искрено не знам зошто толку ми се допаѓа. Веројатно зашто е црн, класичен, изработен од кадифе, искомбиниран со преубав накит, или затоа што девојката сама по себе е толку шармантна? :)
37. Donald & Melania Trump - Убавицата и "пингвинот"! Melania - пристојно. Donald - еден од ретките што утнал вака годинава.
38. Daphne Zuniga - "И си тргнав така јас на Оскари, кога по пат налетав на група кучиња кои ми го "изедоа" фустанот!" :/
39. Erin Andrews - Кажете ми, нели е жално ваква убавица да "стрпате" во ваков "лампион"?! Јас мислев дека идат на оскари, а не на новогодишна елка...
40. Jesse Eisenberg - Не знам дали повеќе ми пречи должината на панталоните или тоа што има само едно копче на платото? :/
TOP 5
И ако некој сеуште има нерви да чита, еве ги моите TOP 5. Меѓу нив нема мажи од проста причина што сметам дека никој не направи нешто "револуционерно". Сите беа модерни, но не и совршени. Затоа пак кај дамите имаше и "револуција" и "перфекција".
Овие 5 дами не се наредени според тоа кој повеќе или помалку ми се допаѓа. Случаен е изборот по кој се набројани. Сите блеснаа на свој начин.
Hellen Mirren
Сите ќе речат дека минатата година таа привлече многу повеќе внимание. Јас на тоа ќе одговорам дека на црвениот тепих изгледаше како да ужива во целото ова шоу. 65 - годишната Hellen (да да, има 65 години, а изгледа вака!) едноставно блескаше. Една работа кој критичарите особено ја забележуваат е тоа како ѕвездите се чувствуваат во тоа што го носат, а Hellen изгледаше како фустанот да е нејзината сопствена кожа.
И да не излезе дека заслугата е сосема нејзина ( :P ), да напоменам дека фустанот е дизајн на екстравагантната Vivienne Westwood. По британска линија до совршен изглед. Накитот пак, кој исто така доаѓа до израз и особено ми се допаѓа, е дијаманстка изработка на Cartier.
Браво Hellen! Им покажа дека и на "стари години" може да се изгледа одлично!
Jennifer Hudson
И сега од каде ова, а? Кога претходно ја критикував Bullock за "премногу црвеното", зарем ова не е премногу портокалово? Не би рекол. Сметам дека бојата е вистински избор поради тенот на кожата на Jennifer. Кројот е одличен, особено кога сакате да се пофалите дека сте загубиле 20-тина килограми. Деколтето ме збунуваше на моменти, но што да правам, машко сум, нели? :D
Целиот впечаток е дека Jennifer "играла на ризик"! Ваква боја е далеку од сигурен избор, но кога на него има потпис од Versace, кога и прилега вака и кога така совршено се вклопува со накитот, насмевката и шармот ... заслужува да биде во 5-те најдобро облечени на црвениот тепих.
Од "талентираната дебелка", преку "мултиталентот со неколку килограми плус" до "секси мултиталентирана супер- девојка"! :D
Hilary Swank
Дека сум "слаб" на Hilary - ФАКТ! Ја сметам за една од најубавите и најталентираните жени во Hollywood. Ама мора да признаете дека ова е полн погодок! Критичарите за нејзиниот изглед рекоа дека е одличен, но и "веќе виден", што искрено, и не го разбирам. Како и да е, тука е важно јас што ќе кажам, а не некои американци! :P
Фустанот, чија изработка фасцинира, е дело на Gucci. Истиот, совршено се прилепува за нејзиното тело, па до израз доаѓаат облините по кои Hilary е позната. Неизбежната насмевка само го наполнува ефектот.
Едноставно прекрасно.
Cate Blanchett
И еве ја "револуцијата" за која говорев. "Кралицата Елизабета" уште еднаш докажа дека може да направи се што сака. Оваа комбинација на Blanchett од американската модна критика беше дочекана со многу забелешки, што и не е чудно ако се земе в обзир дека овој футуризам само европјаните можат да го "сварат". А да се појавиш вака на оскарите, каде повеќето дами личеа на лампиони (како што и претходно напоменав) е храбро.
И сега, оние подобро информираните ќе речат дека мојатата слабост кон оваа комбинација доаѓа од фактот што Lady Gaga претходно носеше парче од истата колекција која многу наликува на фустанов. Одговорот е не... не е така. Дека сум пристрасен кон Cate затоа што ја обожавам - исто така не е пресудно. Пресудна е смелоста!!!
Да ги напоменам и дизајнерите - накитот е од Van Cleef & Arpels jewels, додека фустанот е дел од колекцијата на Givenchy Couture, што е и очигледно. Да не го заборавиме природниот изглед на Cate кој во комбинација со старо-новата руса коса даваат прекрасен впечаток.
Камо среќа да имаше повеќе вакви "борци за правата на футуризмот и Couture- модата"! :P
Halle Berry
Последната во овие TOP 5 - девојката која веќе беше "револуционер" на црвениот тепих кога во 2002 се појави во црвениот фустан на Elie Saab. Годинава подеднакво убава и префинета. Главна тема на разговор на црвениот тепих -> старо-новата кратка коса на Halle. Едноставно оваа фрузура е создадена за неа. Целата убавина на нејзиното лице доаѓа до израз. Добра одлука, Halle!
За фустанот на црвениот тепих оваа година, ќе кажам дека фасцинира со ситните кристали кои заедно со тулот и фигурата на Berry изгледаат одлично. Инаку креацијата е потпишана од Marchesa!
И што друго да се каже освен да почнат да се набројуваат епитети за outfit-от! За самата актерка ќе кажам дека изгледа одлично за нејзините години (44) што ja оправдува нејзината насмевка и тоа што сите приметија дека таа се чувствува одлично во својата кожа. :)
Водителите и нивните outfit-и
И за крај неколку зборови за водителскиот пар. Anne Hathaway и James Franco беа обид да се привлече помладата публика, но само обид. Според најголем дел од критиката разочараа. Главно коментарите се дека James делувал дефокусирано, дури и незаинтересирано, додека за Anne критиките се дека била "премногу возбудена". Мене лично не ме импресионираа и сметам дека за џабе се трудеа да бидат забавни... едноставно не им успеа.
Е сега неколку коментари за нивниот изглед за време на шоуто. Franco поголем дел од вечерта ја помина во оделото кое специјално за него беше дизајнирано до страна на модната куќа Gucci, сепак ретко кој ќе може да го заборави моментот кога Franco на сцена се појави во црвено-розов фустан. Поубаво изгледаше во оделото... во секој случај.
Идејата да ја копира Marilyn Monroe мене лично ми е "веќе видена" работа. Неговото појавување на црвениот тепих не го искоментирав погоре, па само ќе кажам дека носеше уште едно одело од Gucci со совршен крој.
Сепак жените и нивната гардероба во улога на водителки на Оскарите секогаш се коментирало. Барем тука Hathaway блескаше. Белиот фустан од жоржет од колекцијата на Givenchy Haute Couture, дизајниран од Riccardo Tisci, и прилегаше прекрасно. Тоа беше само уште еден успех на конкретната модна куќа на овогодинешните награди.
Малку подоцна, кога Franco се појави во фустанот, Anne ја видовме во "reverse" варијанта. Оделото на Lanvin со цветната тока од кристали и светкавите чевли беа уште еден полн погодот на сцената.
Подоцна ја видовме Anne во црна тоалета на Vivienne Westwood во црно-сива варијанта. Корсетот на гордиот дел од фустанот само уште повеќе ја нагласи "тенката става" на актерката.
Сепак фустанот со кој таа најмногу се забавуваше беше оној со реси во металик варијанта - дизајн на Oscar De La Renta. Одлично го носеше.
Сепак, мојот фаворит од оние кои Anne ги носеше на сцена беше црвениот фустан од Atelier Versace. Едноставно прекрасен дизајн, во боја која на Anne совршено и прилега.
Освен оделото кое беше специјално кроено и шиено за водителката и фустанот на Giorgio Armani од колекцијата Prive во неонска тегет варијанта беше специјално преправан за манифестацијата. Ете ти предност да бидеш водител на Оскарите. :P
Сосема на крај, со креација на Tom Ford, Anne си замина од сцената.
Оваа црна тоалета беше "црешата на шлагот од тортата". И кога ќе сумирам... доаѓам до бизарен коментар. Franco цело време беше одлично облечен (освен моментите во фустанот), а важи за некој кој не се замара многу со изгледот. Од друга страна Anne која постојано е во категоријата "најдобро облечени" каде и да се појави, на црвениот тепих, разочара, а за време на шоуто блескаше. Чудно, нели? :)
И ако сеуште имате нерви да читате, :P оставете коментар на мојот коментар.
LetZzz Comment!
Ти не си нормалеееен! Зашто ти требаше толку време да почнеш ова да го работиш?!?!!?!?
ReplyDeleteСе согласувам со секој коментар што си го напишал! Ја имаш мојата поддршка! :D
Поздрав Ивана
you are crazyyyyyy. I love you comments, I agree with your top 5.
ReplyDeleteKeep writing and saying what you think, you have sense for it.
"Sharon Stone - женава изгледа стварно била stone кога го бирала outfit-от! " hahahahaha bravooooooo!!!!
ReplyDelete