Дека во Македонија цела деценија некој се обидува да ја заживее модната сцена - ФАКТ! Дека во Македонија има исклучително талентирани модни дизајнери - ФАКТ! Дека FWSK е одличен начин да се мрдне од мртвата точка каде што е лоцирана модната сцена кај нас - веројатно уште еден ФАКТ!
Колку е тешко да се организира еден ваков "event" на сите ни е јасно, поради фактот што долги години вакво нешто воопшто и не постоеше кај нас. Колку добро се организира овој fashion week(end), искрено, не би можел да коментирам, затоа што луѓето кои биле зад кулисите тоа најдобро го знаат. Јас само знам дека сум среќен што повторно постои место каде што уметниците од оваа бранша имаат место за промоција.
А последниот fashion week(end) вистински репрезент за македонските различности. Се докажа уште еднаш дека во Mакедонија има следбеници на поголем дел од светки познатите модни дизајнери, има луѓе кои можат да сработат одлични концепти и има некој кој ќе се погрижи овие концепти да не останат по нечии фиоки.
Ги поздравувам сите кои учевствуваат и сите кои го подржуваат овој настан, затоа што само така, и онака кревката модна сцена ќе "остане на нозе"! Браво!
CommentZzz?
No comments:
Post a Comment