Зошто да се коментира Евровизија (ESC = Eurovision Song Contest)? Зошто воопшто да се следи овој избор? Која е неговата вредност, кога во последнава декада се изнагледавме кич и шунт на оваа манифестација? Јас како фан на овој настан, ќе дадам неколку кратки коментари.
Евровизија е битна, затоа што ја илустрира Европа во вистинско светло, сите нејзини јаки и слаби страни. Откако европјаните сфатија дека војувањето е многу скап натпревар се насочија кон спортот, музиката и сл.
Евровизија е репрезент, зошто културата во Европа е поразлична од онаа во остатокот од светот - само во Европа постои еден ваков настан. А на него, политиката, како основна карактеристика на континетот, во изобилие. Соседски односи, политички препукувања, војна по секоја цена да се победи на натпреварот за да се докаже колкава е моќта на земјата кога ќе треба да се организира целиот настан дома. Од сето ова загуби целиот фестивал, особено во последната деценија, кога речиси сосема се загуби музичкиот квалитет на фестивалот. Сега со старо-новиот систем на гласање 50/50 (50% од публиката и 50% од жири) се вратија надежите дека можеби манифестацијата има иднина.
За Евровизија може да говориме колку сакаме, едноставно или го сакате или не, ама барем во Македонија, не можете да го одминете. Настанот сам по себе е убава идеја да се презентираат земји меѓусебно, младите (кои се помалку го следат) да научат нешто за другите земји и сето тоа да биде "спакувано" со музика.
CommentZzz?Чисто за да ви докажам дека квалитетот некогаш постоеше на овој настан ви оставам линкови од моите 3 омилени настапи на Евровизија.
3. Alsou - Solo (Russia 2000) - Ако се земе в обзир квалитетот на музиката во 2000 година и тогашните трендови, првиот настап на Русија на ESC беше одличен. Македонија дури и сега може да завиди на ваков пакет. :/
2. Voice - Nomiza (Cyprus 2000) - Со оглед на тоа што ги следам коментарите на музичката критика во однос на овој настан, знам дека овој настап се става во пакет со првиот настап на Каролина на Евровизија. Коментарот е дека едноставно времето било погрешно за 2те песни - "премногу рано"!
1. Imaani - Where are you (United Kingdom 1998) - Мојот најомилен настап од Евровизија. А ако некој се осмели да каже дека песната нема квалитет, тоа значи дека тој нема (ама никаква) врска со музика! Едноставно е безвременска! :D Чисто за споредба, ние таа година се претставивме (за прв пат) со "Не зори зоро". Разликата... евидентна!
Totally agree sas izbor na pesme... :)
ReplyDelete