20 May 2011

Macedonia's entry on ESC 2011

LetZzz comment Macedonia's entry on ESC 2011!
Напоменувам дека тектов е долг, поради тоа што не сакав овогодинешниов настап и препораките да ги одделам во два текста!
ESC заврши, се открија многу од маркетингшките трикови кои големите земји ги користат за подобар пласман, се открија нашите маани, и повторно со спуштена глава се враќаме дома. Каде е проблемот? Како може да се промени? Ќе се обидам да дадам неколку одговори.
„Русинка“ - Влатко Илиевски
Уште пред, воопшто, да се оддржи Скопскиот фестивал, на големо се зборуваше кој ќе биде победникот. На објавената листа еден куп анонимуси, лица непознати на македонската јавност, кои се обидоа да се промовираат себеси на најгледаниот циркуз во Македонија. Дел од кандидатите кои конкурираа, подоцна се откажаа, напоменувајќи дека победникот е веќе познат!
Подоцна го гледавме Скопскиот фестивал, речиси идентичен како во последниве неколку години. Ни од далеку сличен на ваквите избори кај нашите соседи, затоа што споредба со европските земји би била сосема банална. И стандардна приказна - организацијата од година во година се полоша; сцената „вриштеше комунизам“; озвучувањето и сите пропратни технички елементи од просториите на МТВ само уште еднаш докажаа колку оваа технологија е дотраена; водителите како воопшто да немаа пробано како треба целиот настан да изгледа и звучи; backstage-от здодевен, како и секоја година; технички проблеми, нормално, мораше да има, па една песна ја слушавме два пати; гледачите... само се прашуваа како воопшто организацијата не се срами од вакви бедни фестивали!
На крајот, не дека имаше некој голем избор на песни, ама се одбра „Русинка“ во изведба на Влатко Илиевски. И се прашувавме зошто?! Зошто некој воопшто би напишал ваков текст за песна која треба да се натпреварува на таков голем настан како ESC (оние кои не го сретнале акронимот претходно тој значи Eurovision Song Contest и го користам затоа што Eurovision опфаќа неколку различни манифестации во организација на EBU)? Веројатно, сметавме дека така ќе купиме поени кај земјите од поранешниот Советски Сојуз. Мое лично мислење е дека, на овој или на оној начин, оваа година МТВ се оддолжи на Влатко за минатогодишната глупост, кога неговата песна и настап беа многу подобри од победничката! Како и да е, од оваа одлука загубивме сите.
Песната веднаш наиде на строга критика меѓу фановите на ESC, и покрај тоа што на МТВ се коментираше дека тие ја обожаваат, за вокалот на Влатко можеше да се прочитаат еден куп коментари, кои говореа за квалитет на неговиот вокал (не во позитивна смисла), се критикуваше и концептот, кој беше мизерен! :/
Пред да се замине во Дизелдорф, Влатко говореше како оваа година тој посетил повеќе земји од сите претходни претставници заедно, дека се надева на влез, бла бла бла... Подоцна видовме дека сето тоа „падна во вода“! Костимите и кореографијата беа „фалени на големо“ во медиумскиот простор. Сметам дека беа солидни, особено кореографијата, која иако, повеќе беше театарска отколку Евровизиска, сепак имаше концепт... истиот оној кој МТВ реши да го следи.
Конечното претставување ни беше ОК сработено. Влатко не звучеше лошо, барем не како што очекуваа сите, танчерите беа ОК... Ама (замислете!) не се пласиравме во финалната вечер. Напротив го забележивме најлошиот пласман досега. И за да биде работата уште полоша, барем во моите очи, Влатко по полуфиналето изјавил дека дома го чека поличка кампања и многу работа со неа!!! (Ова го има на blog-от за ESC Semifinals)
Она што, особено, ми пречеше за време на целиот овој процес, беше односот на Влатко кон целиот настан. Тој неколку пати изјави дека не е фан на ESC, па се прашував зошто воопшто конкурираше. Постојано говореше дека пласманот не му битен, што, исто така, не ми беше јасно. „Важно е добро да се претставиме“ - беше муабетот кој цело време го слушавме... :/ Епа, драги мои, со таков пристап не се забележуваат резултати!
Да сумирам. Каде се грешките? Прво концептот - сосема утнат! Наместо да бираме квалитет, одбравме песна со која се надевавме на гласови поради „русинката“. Наместо да бираме песна, биравме интерпретатор, наместо да не разберат европјаните на англиски, си пеевме на македонски... и секако, односот на Влатко кон целиов овој процес и идеологијата „важно е да се учевствува“ не вратија дома со 16-то место!
Како до финале?
Пред да ги дадам моите лични препораки да објаснам зошто си го давам правото за такво нешто. Го следам ESC уште од 1998 и тоа не само на главните случувања. Претходниве неколку години, дури и ги знам песните пред да се случи големиот настан, во претходните 3 години 2 пати го погодив победникот (годинава едноствано никој не очекуваше дека Азербејџан ќе победи), ги следам грешките и промените, концептите и успесите на добрите меѓу нив. Општо кажано, го познавам ESC доволно, за да можам да извлечам позитивни работи од искуствата на земјите кои напредувале на ова поле и да покажам како можат да се применат кај нас.
Прво, најголема прешка која ние (под „ние“ мислам на МТВ и организацијата, општо) ја правиме е тоа што започнуваме со работа, откако ќе го објавиме конкурсот, или барем така изгледа во последниве 4-5 години. „Големите земји“, под кои ги опфаќам не големите во географска смисла, туку оние кои се големи на ESC и постојано се со солидни пласмани, започнуваат со работа уште во Септември... сериозно работа! Многу е битно конкурсот да е рамка, која ќе обезбеди квалитетно претставување. Според мене, особено битен момент е неговиот опсег. Русија е позната по тоа што нивните конкурси се „отворени“, што значи, може да конкурираат автори од целиот свет, а не само од Русија. Така, многу поголеми се шансите конечниот избор за домашната селекција да биде поквалитетна. Втора битна работа тука е јазикот. Во последниве 3 години си настапуваме на македонски, па потоа „сите ни се виновни“! Се правдаме со муабетот „Па и Србија си настапува на нивниот јазик!“, без да земеме в обзир колку е масовна нивната емиграција во европските земји и колку добро, истата, е организирана кога станува збор за гласањето. Македонија ја нема оваа моќ, па најдобро би било да настапуваме на англиски јазик. Годинава бевме сведоци дека дури и големата Италија, која по долга пауза се врати на ESC половина од песната ја изведоа на англиски. Тоа е јазикот кој го разбира најголем дел од Европа. Така, најдобро би било уште на конкурсот да се стави до знаење дека композицијата треба да е на англиски јазик. Така, ќе се избегнат „смешните преводи“, како годинашниот, за кој многу луѓе се запрашаа дали е преведен со Google Translate или пак оној со „Ангел си ти“, кога песната сосема ја загуби смислата! Исто така, англискиот ќе ги охрабри странските автори да конкурираат. Веќе од старт ќе покажеме сериозност, која би имала капацитет да вроди со плод. Доволно беше македонската гордост, која потроши многу пари, а не произведе ништо освен „спуштени глави“.
Следна битна работа е домашниот избор или „Скопскиот фестивал“, како сакате. Во последниве неколку години, се „фрлаат“ големи суми на пари на сцена и пропратни елементи кои буквално ништо не значат за конечниот пласман. Постојано се чудиме каде се трошат огромните суми кои се таложат на сметката на МТВ, кога приватните телевизии во Македонија, со многу помалку средства, прават многу поголеми шоу-а! Тука мојот совет би бил, доколку немаме пари да направи спектакл, да го искористиме концептот од 2006, кога домашниот избор го направивме во студио на МТВ (Таа година Елена Ристеска со „Нинанајна“ забележа одличен резултат)! Заштедивме средства, кои подоцна би се искористиле за квалитетен видео запис, подобра пормоција и сл. Јас сум сигурен, дека средствата заработени од влезниците за полупразни сали не ги покриваат трошоците за организирање на истите.
Следната препорака е општа. Постојано бираме изведувачи, наместо песни! Настанот вели „песна на евровизија“, а не „изведувач на евровизија“! И сега ќе ме прашате „Па дали треба аматери и анонимуси да пратиме на ESC?“ ... Зошто да не, доколку се квалитетни. Ќе ве вратам во 2003 година, кога Beth со „Dime“ ја претставуваше Шпанија. Таа победи на домашен избор, организиран по концептот на Идол. Заврши како 8-ма, со песна која подоцна многу се пееше меѓу фановите на ESC. И ако не би се задоволиле со 8-мо место, вратете се само една година назад. Lena победи за Германија со „Satellite“, а беше сосема нова на сцената! Таа дури и стана европски позната личност поради шармот и енергијата која на ESC се загуби меѓу кичот и шунтот во периодот 2002-2008. Замислете ние да организираме избор, каде ќе се натпреваруваат само аматери и млади лица, кои ќе учат додека работат, ќе комуницираат со композитори за да на крај се одлучи победникот кој ќе не претставува. Колку средства и медиумско внимание ќе се привлече на тој начин!!! :/
Да не заборавиме дека за време на целиот овој процес, треба да се бараат спонзори, кои ќе обезбедат доволно средства за квалитетно претставување на ESC. Чисто за споредба, организаторите на Азербејџан изјавија дека годинава потрошиле 8 милиони (не сум сигурен дали се долари или евра) за овогодинешното претставување!!! Така да, немој да мислите дека парите не се битни. Сепак, побитно е како ќе се искористат. Ell и Nikki не победија случајно. Тие имаа масовна интернет кампања, особено на Facebook, луѓето ги запознаа уште пред да се случи големиот настан и нормално дека ќе добијат многу гласови. Во македонската пракса, промоција значи гостувања во емисии во земјите кои настапуваат, што е многу погрешен пристап.
Друга работа, која би сакал да ја напоменам е комуникацијата. МТВ од „Скопксиот фестивал“ направи затворен event, за кој подоцна се лутат кога другите го критикуваат! И покрај тоа што МТВ е национална телевизија, таа треба да е во комуникација со големите приватни, кои во последно време сé почесто организираат музички настани, за да се здобијат со некои корисни информации. Исто така, на тој начин, ќе се приберат и совети, кои можеби на прв поглед се заборавени. Да не зборувам за промоцијата на фестивалот, која МТВ ќе ја добие од овие телевизии, доколку и тие, на било кој начин, се вклучени во него. Истото важи и за сите други новинари, од пишаните или електронските медиуми.
Она што особено ми е жал што никогаш не го направи МТВ е да ги вклучи клубот на евровизиските фанови на Македонија во целиов овој процес. Не сум член на ова друштво, но знам дека нивното искуство, знаење и љубов кон оваа манифестација, и тоа како, може да биде од помош. Секоја година во жирито кое одлучува во име на целата држава гледаме „пропаднати“ музичари, анонимци, кои со политички влијанија се на некоја позиција, сопственици на модни студија и сл. Зарем треба да кажам нешто!?!? :O :/
И што, откако ќе се избере претставник? Наместо да се троши време на демантирање на некои информации кои се пласираат во јавноста, да се вложи труд да се „нашминка“ сé она што може. Евровизиските правила говорат дека песната смее да претрпи мали промени и по домашниот избор. Да се корегира некој музички елемент, да се доработи аранжманот, да се среди преводот се само мал дел од работите кои тука треба и мора да се сработат. Албанија е пример од последното издание на ESC, кој речиси во целост ја промени песната за да звучи онака како што треба.
Снимањето на видео запис е особено битен момент. Но не треба да правиме спектакли за него. Повторно ќе се навратам на Lena и "Satellite". Нејзиниот спот беше само една квалитетна снимка од студио. Ништо повеќе... Поголем дел од средствата треба да се искористат за „подкована“ промоција, која ќе вроди со плод.
На крај уште една идеја. Зошто во целиот процес да не се вклучат студентите? Може да се објави конкурс за изработка на идејно решение за сцената на „Скопскиот фестивал“ од страна на студентите. Така, целиот настан ќе стане поинтерактивен, погледан, поинтересен, а од тоа корист ќе имаат и МТВ и студентите кои ќе учевствуваат. Истото може да се направи и со костимите за големото претставување; со идеи за видео записот; со идеи за самиот фестивал, па дури и водителите можат да се изберат на овој начин. На овој начин, во старт имате 50-тина семејства, кои со големо внимание ќе го следат, па дури и ќе го промовираат, фестивалот. Македонскиот менталитет и „моето дете таму ова и она правеше...“ ќе ги вклучи сите тетки, вујковци, чичковци и стрини, комшии и пријатели и добивате класичен viral-marketing. А верувајте ми, никој не знае со помалку средства да биде покреативен од самите студенти! :)
Сметам дека да се сумира сето ова е тешка задача, затоа што се потребни промени од корен! ESC не е мала работа и да не се лажеме дека не го следи цела Европа. Годинава се забележани рекордни резултати на гледаност, квалитетот се врати на ESC, ама никако и кај нас. Постојано одиме на принципот „Важно е да се учевствува“, со интерпретатори кои се апатични во голема мера кон целата манифестација, со критики кои, речиси, и им ги уништуваат кариерите на сите оние кои не претставуваат... Тешко е да се промени менталитетот, но лесно е со мали промени дома, да се промени општиот впечаток надвор.
Овој „страшно долг текст“ е таков, главно поради тоа што не сакав да ја одделам критиката за Влатко и препораките во 2 одделни blog-а, како и поради револтот кој го чувстувам поради односот кон ESC. Се надевам дека „некој таму некаде“ ќе ги прочита овие идеи и барем ќе размисли... можеби и имам право за некои од работите. Уморен сум од „тонењето“... сакам новитети, живот, енергија, посветеност, сериозност и успех на ова поле!
CommentZzz? Do you have any suggestions? :)

7 comments:

  1. Да е долго... долго е! :D Ама и да е вистина - вистина е! Влатко ептен не избрука... повеќе и од близнаците и од "рибата" ахахахах!
    Ова со идеиве ти е добро... би требало да те земат у организација! :P
    P.S. Ти ептен ти бил фрик по евровизија (у позитивна смисла)! :P :D
    D.A.

    ReplyDelete
  2. Eurovision Song Contest ja ima zagubeno odamna smislata na ona shto toa treba da bide od samoto stvaranje....se pee na svoj sopstven jazik i tocka. Se pretstavuvaat site zemji na Evropa i se druzat. Koga angliski stana globalen...pocna peenje na angliski i se zagubi sushtinata na ESC. Da se stavi edna strofa na kraj na celata pesna na angliski...ili da se pee refrenot na angliski za da bi bil "catchy" e sosema ok...no "thumbs up" za Vlatko sto peese na makedonski.
    Potpolno se soglasuvam za komentot deka Rusija ima "otvoren" korkus...toa MORA da se proba ako ne drugo...ovogodishnata popedniska pesna e napisana od sveganka (Azerbajdzan sorabotuva so Shvedska vece nekolku godini po red)...celata organizacija na rusite im bese svedska...
    I poslednoto sto ke go komentiram e da se dozovli na nepoznati, novi lica na scenata da ja pretstavuvaat Makdonija, onie koi vece imaat stvoreno "ime" se pregolemi dzvezdi i ne e mozno da se "spushtat na zemja" i da stvorat i napravat neshto kako shto treba...mladite sekogas immat nova vizija,sila,volja i "uvo" da sluchnat, cujat i napravat neshto shto vredi!
    Pozz od drug fan na Evrovizija!!!

    ReplyDelete
  3. Од кога знам за себе и за нашата ЕСЦ, работиме на принципот на "арчење" на ѕвездите од година во година, праќајќи ги да се испукаат, најпрвин најјаќите, за на крај да завшиме на се' поситни РИБИЦИ. Така, моментално евровизија е,баш ко што рече, циркус за дебитанти кои се промовираат себе си и мак фаци кои се местат за да се прошетаат низ Европа. Но,некако демек МТВ се повеќе сериозно си ја зема работата во раце и секоја година ни праќаат пораки како попрофесионално ќе било организирано. Околу организацијата не можам да коментирам, но гледам дека сериозно и темелно си им "влегол" со препораки и совети (секоја чест), од кои некои за жал не би можеле да ги исполниме, ете пошто сме таква ископлексирана местечка нација, чии проблеми ескалираат кога ни се случува Евровизија - која пародија :D
    Сметам дека прво нешто што ни треба за по-bright евровизија е под идно нова сала, да се баталиме од тој "универзален" хаос и баксуз; штом видиш каде и како се одржува од негативни (пост-комунистички) КАФЕАВО-КАФЕАВИ перцепции ти пропаѓа сета надеж за било каков фестивал. Мислам со целосно нов редизајн на местото на одржување ќе ги разбиеме негативните емоции и ќе се подигне нивото, па може и самите изведувачи ќе се осетат попрофесионално и не толку провинцијалски.
    Околку изборот на песна, сметам дека ние си имаме проблем на национално ниво со самата македонска естрада. Што се случува во моментов? -НИШТО! Имаме целосна ерозија на некаква си квалитетна музика (а имаме потенцијал да го продолжиме музичкиот жанр на Тоше). Од друга страна го имаме комерцијалниот шит што процуте во последно време и што тотално го подржувам (финтата е да се вртат пари додека тинс "свршаваат" на нападни рапери :p) но со тоа не треба ни да помислуваме да трпаме на вратите на ЕСЦ. И конечно, мило ми е што годинава не пробавме да и продадеме на Европа "рап дел" - уште тоа ќе фалеше во fucking Русинка!

    to be continued immediately :P

    ReplyDelete
  4. Што мислам дека му беше поентата на машинеријата Јованов?
    Го избраа Влатче, како што рече, несудениот и обесправениот претставник од лани, за кој знаевме уште пред да го отворат конкурсот дека ќе победи годинава. Влатче е новото дете на Јованов, кој смета дека може секого да го направи ѕвезда, па затоа му наполни 2 концертни сали со гратиси.
    Русинка требаше да биде новиот руслана-рок хит, пандан на турската the one and only and неповторлива "For Real" - само што го утнаа тајмингот 7 years later. ЕСЦ е толку сменета што било кој победник од 2000тите години да се појави сега ќе заврши на последно место! :P
    А пази сеа, кој е најголемиот маркетинг трик околу името и контекстот на Русинка!
    Целата финта се врти околу стихот кој што требаше да разбуди патриотизам и воодушевување кај нас: Јас Македонец..!! Со тоа ние гордо требаше да го испратиме Влатче да и плесне во фаца на негирачка Европа и да и каже кои сме ние (мизеријата е фактот што тоа требаше да се "продаде" тука, меѓу нас, за ние понесени од еуфорија му дадеме благослов да не претставува!).
    А зашто се пее и се вика Русинка? Зашто мора да има логична компарација како одговор на целните маркетинг стихови "јас Македонец". Е сеа "Браќата Руси" како најлесен и најмалку болен избор, најмногу можат да упалат без да не загрозат или да предизвикаат некаква националистичка когнитивна дисонанца. А! Од друга страна, онака педерски ќе може да дрпнеме некое поенче на "братска" линија - колку тоа очајно и надвор од ребрендираната ЕСЦ реалност, звучи!
    ...
    За крај, мислам дека, до година потешко ќе ни биде да избереме претставник, зашто сме од корен пресечени и деморализирани - гледаме дека што и да правиме со нашите ограничени идеи и мозоци, не пали повеќе. А тек сега со модерна и германски квалитетна Евровизија не можеме ни да се носиме, зашто многу е полесно да се смислат "рингерингераја ритми" со етно примеси и театрална кореографија, наместо самоуверен, квалитетен изведувач со вокал и песна со тежина, па и модерна искулирана европска песна.. ах бре, таман ги научиш одговорите, животот (Евровизија) ти ги мења прашањата.. :D

    ReplyDelete
  5. морав да се испукам вака на долго на широко - три месеци го собирам во мене и го чекам блогов:P Lady M! :P

    ReplyDelete
  6. Мило ми е што до мак-поддршка си пишувала, имам проблеми со коментариве... Blogger ме зеза малце...
    Конкретно за коментарот... ме фасцинираш! Ти ми мојата маркетингшка муза! :P Mwuahahahah!

    ReplyDelete
  7. Ковид-19 има тешка година, но со помош на понудата за заем на г-дин Педро успеав да поминам затоа што неговата понуда за заем од 2% навистина ми помогна многу и благодарен сум што можам да споделам овде дека г-дин Педро нуди заеми на 2 % стапка, исто така, тој може да финансира секаков вид на легитимен бизнис или да бара лична финансиска помош. Е-пошта: pedroloanss@gmail.com и Whats-App: +1- 8632310632

    ReplyDelete