30 April 2011

Macedonian Idol - 25.04.2011

LetZzz comment Macedonian Idol - 25.04.2011!
Последниот понеделник во знакот на Macedonian Idol, впрочем како секој понеделник во последниве неколку недели. Разликата од другите, меѓу останатото, во тоа што на овој концерт, наместо еден, испаднаа 2 кандидати. Моето видување за целиот концерт во продолжение.
Темата (EX-YU) ... некако премногу широка, опсежна. Организаторот никако да најде средина. Или темата е претесна, за да сите кандидати се пронајдат или толку широка, што сметам дека некои од нив дури имаа проблем со тоа. Друга замерка се техничките проблеми. Овој пат слушалките и микрофоните беа главен проблем. За танчерите веќе не сакам ни да коментирам! Многу најави, малку исполнувања.
Она што оваа недела исто би го искоментирал е однесувањето на Калиопи. Претера со своите "поетски" коментари. Пристуните во салата, и тоа како, имаат право да бидат гласни... колку што сакаат или, подобро да кажам, колку можат! "У-кањето" (простете ми за терминот) е составен дел од сцената. Дури и најголемите музички ѕвезди понекогаш се соочуваат со тој проблем. А ако јас лично се прашувам, кандидатите кои го искусија овој момент, го заслужија претходно!
Водителскиот пар, приказна за себе. Нивниот стајлинг, кој делуваше како една компактна целина, навистина ми се допадна. Беше во склад со темата, или барем делот без она "EX", кога на овие простори постоеја "Титовите пионер(чиња)". Она што морам да го забележам е однесувањето на Иванна. Колку Ненад е сé подобар во она што го работи, се однесува прикладно, се труди да даде максимум од себе, толку Иванна има се поголеми испади. Коментарот за "лапањето" беше сосема неприкладен. Без разлика каков е карактерот на емисијата, тука зборуваме за култура на изразување на национална телевизија. Нејзиното "лигаво" однесување веќе сериозно ми скока по нерви! Едноставно иритира! :/
И конечно, некој коментар за кандидатите. Ќе одам по редот по кој настапија, прескокнувајќи ги двајцата, сега веќе, испаднати.
02. Дејан Јованов (Либар) - Иако интерпретацијата, во суштина, беше ОК, за жал тоа е сé! Не остави, ама никаков позитивен белег врз песната. Се трудеше само да ја испее правилно, што мене лично не ми се допаѓа. За тоа како се движеше на сцена, само ќе речам дека работел, осмислувал движења, што беше приметно, ама фацијално воопшто не ја "донесе" песната. Дури на моменти и се смешкаше, што со оваа песна, некако, не ми оди. Изгледот... наместо, кој и да го работи неговиот стајлинг, му помогне да се "издвои од толпата", Дејан сé повеќе е без нешто, било што, што ќе го разликува од другите. Во суштина комбинацијата беше здодевна. :/
03. Јана Бурческа (Додирни ми колена) - Иако стајлингот е во голема мера "2010", мене навистина ми се допадна. Истакна сé што требаше, а покри толку онолку колку што требаше! ;) Коментарот за потпетиците -ГЛУПОСТ! "Превисоки потпетици" - не постои такво нешто (освен ако Вашата девојка е повисока од вас :P )! За песната ќе речам дека, според мене, беше сосема погодена. Меѓутоа, проблемите со слушалката, веројатно, беа причината за таа несигурност кај Јана, која се чувствуваше за време на нејзиниот настап. Имаше осмислена рамка во однос на движењата, која спонтано ја пополни со својот шарм и позитивна енергија.
04. Иван Раденов (Бацила је све низ реку) - Дефинитивно, ова не е мојот омилен настап на Иван. Рефренот го пееше "на сила", на моменти беше прегласен, на моменти (ако не ја знаете песната) не се ни разбираше што пее. Посветил внимание на пеењето, ама за еден изведувач пеењето е далеку од "сé"! Без, ни малку, имагинација и креативност за настапите! Треба да работи некој со нив, да ги советува на ова поле. Инаку, Иван беше облечен во неверојатно здодева комбинација! :o Тој е премногу млад за вакви outfit-и! Нека ми објасни некој што беше финтата со ракавите, зашто јас не ја разбирам! Комбинацијата на боите... исто! Сé на сé... ЛОШО!
06. Билјана Ѓошева (Буди добар као што сам ја) - Веројатно по црвениот фустан, со кој не фасцинираше, ова е 2ра најелегантна комбинација на Билјана. Иако изгледаше одлично, мене лично цветовите ми беа премногу "Sex & the City", а бисерите воопшто не ми се омилени. :) Иако, за време на интерпретацијата, повеќе пати се прашав дали оваа песна беше вистинската за неа, морам да кажам дека ниските тонови одлично ги испеа. За разлика од некои останати кои поминаа низ Идолот, нејзиното пеење во тие фази е сосема разбирливо. Ако на претходниот настап, таа скокаше, ко да добила на лото, овој пат сосема смирено, се посвети на пеењето. Она што не ми се допадна овој пат, беше "машкото" држење на сцена. Таа елеганција на фустанот, требаше да се надополни со движења. Коментарот на Игор, дека Билјана е "Секси" и "WOW" сосема го поддржувам! ;)
07. Мики Секуловски (Све још мирише на њу) - Мики едноставно плени! Стана миленик на сите - без разлика на возраста, полот, вкусот за музика! Верувам дека му е сé потешко таму, затоа што се наметнува како главен фаворит, што сигурно е голем притисок. Ама тој совршено се носи со него. Ако некој меѓу кандидатите има препознатлив вокал, тоа е дефинитивно Мики. На овој настап, остави свој печат на песната, што мене многу ми се допадна! Беше интерактивен со публиката, за време на целиот настап имаше целосна контрола врз себе, што е за пофалба! Изгледот - креативен! "Наполеоновото војничко палто", изведено со патенти особено ми се допадна! Сепак, наместо блузата која ја носеше под него, црвена кошула или барем марама врз блузата ќе направеше голема разлика. Како и да е, за да Мики биде следниот голем пејач од Македонија, сé што треба да направи ... е да продолжи да се занимава со музика! ;) :D
08. Христијан Тодоровски (Зашто правиш слона од мене) - Кога излезе на сцената се прашав: Дали детево има појдено на денско кафе? Прашањево се однесуваше на стајлингот. Кога си на сцена, не смееш да изгледаш како "по дома"! Иако песната сугерираше на по-casual стајлинг, ова беше лоша комбинација. Можеби без кошулата барем малу ќе ми се допаднеше! Изведбата, мене лично ми беше ОК. Мислам, Кико не е Мики, ама солидно испеа. Со оглед на тоа какви сé изведби видовме од него, оваа  беше солидна. Она што е карактеристично за него е дека sense за сцената. Знае како да се однесува на неа. Интерактивноста и кај него е за пофалба!
09. Виктор Апостоловски (Ти си ми у крви) - Конечно пропеа! Конечно покажа што знае и умее! Конечно даде оправдување зошто е еден од фаворитите! Прв зрел настап на Виктор. Прв негов настап, што навистина ми се допадна! Максимално беше сконцентриран на пеењето, што овојпат е и повеќе од оправдано, во однос на некоја потенцијална кореографија. На мое лично задоволнство сé помалку J.Timberlake во неговите настапи. Стајлингот, исто морам да го пофалам. Мојот омилен од овој концерт. Идејата и кај неговиот стајлинг да се земе инспирација од воена униформа (ако не се лажам тука стануваше збор за Британската од 19 век) беше исправна. Единствена замерка ми е жолтата лента на крагната, која изгледаше како да е симната од завеса! :P Да беше подобро поставена, ќе беше перфектно!
И откако ги изгледавме настапите, мала пауза, па го гледавме Кнез. Морам да ви кажам дека, откако го гледав во Survivor, мене лично тој ми е карикатура! Некои луѓе, едноставно, подобро да си седат дома, отколку да се пријавуваат на такви reality-show-а! 
Номинациите, на мое лично задоволство не се однесуваа на девојките. Ќе беше премногу доколку уште една од нив испаднеше. Христијан, по кој знае кој пат повторно меѓу номинираните. Не знам зошто, ама имам чувство дека постојано седи на тоа столче, за да се приберат повеќе гласови од младите (да не речам малите) гласач(к)и. Тој се спаси. Изненадувањето следеше, кога сфативме дека водителите се сериозни кога рекоа дека и Нико и Ивица си одат дома! :O
01. Нико Ѓоргиевски (Молитва) - Кога го видов не сцена 2 работи ми "штрчеа"! Косата, која под итно мора да ја среди и црвената лента на половината. Останатото беше солидно, иако идејата не беше оригинална. Со оглед на тоа што песната е од "женски" изведувач, изведбата, очекувано, звучеше различно. Според мене моќно и преубаво. Движењата му беа смислени, фино склопени, моментите со неговата девојка особено ми се допаднаа... едноставно делуваше како да ја има преживеано песната.
Она што, според мене, го испрати Нико дома е неговиот лош пристап. Од маркетингшки аспект, тој дозволи Мики да му го прибере местото каде што тој совршено прилегаше - романтичен, културен, идеален зет! :P Тој постојано се трудеше да докаже колку неговите вредности се вистински, што ги заборави вредностите на шоу бизнисот. Му посакувам сé најубаво, ама за да не го снајде судбината на Ѓорѓи Крстевски, ќе мора да работи многу на јавниот имиџ.
05. Ивица (Иво) Велоски (Ако има Бога)Искрено, не знам што им се допадна членовите на жирито, па му дадоа такви коментари. Според мене, ова беше неговиот најлош настап. Изведбата беше толку напорна за слушање, толку не му прилегаше песната, толку многу се напрегаше за звучи како Ален, што мислам дека никако не беше за пофалба! Движењата на сцена со идентичен пристап - планирани, но без концепт. Да легнеш на сцената додека пееш, без коцепт е глупост! Она што ми се допадна кај него беше стајлингот. Класично, едноставно, а не досаднорокерски, што некако и го опишува Иво и неговиот стил.
Ако Нико имаше проблем со "украден" маркетинг пристап, Иво имаше проблем со тоа што... тој немаше пристап. Пред камера се однесуваше како да не му е гајле, како да е подобар од другите, на моменти делуваше неписмено со тоа што не знаеше како да се изрази, што, меѓу другото, исто така влијае на јавниот имиџ. Морам да признаам, мене не ми беше меѓу омилените, токму заради однесувањето! Ако сака да биде нешто повеќе од само "некој" пејач, тоа е аспектот на кој ќе мора најмногу да работи!
Она што морам тука на крај да го искоментирам е интервјуто на Жаре со испаднатите кандидати (Еден на еден). Сметам дека сето она што некои, ако не и сите кандидати го кажаа за Нико е одраз на нивната зрелост. Наместо да го прават спротивното, тие стануваат непријатели со сите оние кои ќе си заминат! Сметам дека Нико се чувствуваше особено незгодно за време на емисијата, дури и ако кажаното е вистина. Некои работи се кажуваат лице-во-лице... и толку!
Она што исто сакам да го искоментирам е моментот кога одлуката падна двајца кандидати да го напуштат шоуто. Сметам дека, на овој или на оној начин, некои кандидати се преферирани од самите организатори. Ако идејата била да не испаднат 2 девојки, затоа што тоа ќе значеше дека шоуто останува само со една, тогаш, можеби и ќе се сложам со одлуката. Ама можеби! Секој друг пристап, не ми се допаѓа!
И за крај... не знам што да ви кажам. Се надевам дека нешто ќе се смени на подобро, дека "некој" ќе воведе новини, дека конечно ќе видиме танчери на сцената, дека компетентни лица ќе почнат да работат со кандидатите, за да ги научат како треба да се однесуваат пред камерите... Едноставно, има многу работа со нив, а организаторите како да не ги засега тоа. :/
CommentZzz anyone?
P.S. Се надевам дека нема да ми замерите за квалитетот на фотографиите и логото на Macedonian Idol врз нив, кои и овој пат се преземни од http://fun.mnogoo.mk, ама додека да си најмам свој личен фотографер, ќе мора вака! :P Мала шега... :D
 

20 April 2011

Vivienne Westwood's "Get a life" Jewelry


LetZzz comment Vivienne Westwood's "Get a life" Jewelry!
It's no a secret that Vivienne is one of my favorite fashion designers and not only mine. Her rock&roll life style has massive impact on her entire work. Wicked and unusual combinations, which made their way to our wishes, made her popular. Nobody expected her success, but it seems that a lot of people share her vision for the fashion.
Latest news from this legendary designer is her jewelry collection called "Get a life". And it's far from classic jewelry collection. First of all, it's totally ecological collection, which is kinda weird. You don't wanna see your jewelry decompose in ecological way, since you don't want it decomposed in any way, right? :P
Second interesting thing is the person chosen to promote the collection. Wanna guess? The girl with the best curves in the world... Christina Hendricks! In the first moment you'll probably ask yourself why, but when you see the photos, you'll know it! The entire collection is somewhere between classic&elegant and rock&roll style of Westwood. I really like the way the designer made this combination which perfectly fits Hendricks.
In the end I would mention that, the jewelry is far away from cheap, mostly because of the materials used. However, having a piece signed by Westwood is not a little thing, especially for the fashion addicts and fans! ;)
Do you like it? CommentZzz anyone?

19 April 2011

Macedonian Idol - 18.04.2010

LetZzz comment Macedonian Idol's concert on 18.04.2010!
Некако работите, за жал, одат во онаа насока во која веќе напоменав дека веројатно би оделе. Со секој нареден коцерт, со една девојка помалку. Дали на Билјана и Јана им се "пишува црно" на наредните 2 коцерти?
Да се оддаде почит на, веројатно, најголемиот бенд на сите времиња е убава работа, но дали оваа тема беше соодветно изберена? Дали вака "тесни" теми се прерани? Една моја драга другарка рече дека веројатно ќе им требаат другите теми за до крајот... сепак... Јас сметам дека можело да се одбере тема која е поопширна и поинтересна. На пример тема од типот "(Музички или Рок) Легенди" ќе ги опфатеше и Beatles.
Интересна и посебна работа за овој коцерт беше тоа што овој пат бендот беше на сцена, заедно со кандидатите, што ми се допадна. Она што не ми се допадна, е фактот што режисерот повеќе внимание посветуваше на бендот, отколку на кандидатите, за време на нивните настапи. Треба да се знае кој има приоритет.
Водителскиот пар изгледаа солидно. Иванна ми беше фацијално преубава, особено ако се земе в обзир дека мене, таквите огромни трепки (кои како да доцнат како тренд на нашата сцена) особено ми се допаѓаат. Фустанот, пак, требало да е 5 цм пократок. Иако и двајцата беа облечени да кореспондираат со периодот од кој потекнува творештвото на Beatles, таа должина не е карактеристична за тие периоди. Ненад од друга страна пак, сé повеќе ми ставува репер за тоа како треба да се однесува некој пред камера. Мене лично, патиките воопшто не ми се допадна и би заменил со некои во црна боја, за да одговара со каишот. Сепак останатото... интересно спакувано.
И сега по некој (мој личен) коментар за кандидатите, по редоследот по кој настапија, со исклучок на Јуле.
01. Иван Раденов - Уште во најавата забележав нешто ново за него. За прв пат на големите концерти пееше песна, која претходно ја нема изведувано со својот бенд. Иако, можеби, изгледаше како песната да му е претешка и превисока, мене ми се допадна неговата изведба. Иако body-language-от беше присутен, со таков текст штета е што не видовме повеќе. Фали инвентивност во однос на сценските настапи, и тоа не само кај него. Во однос на стајлингот само ќе речам дека идејата со палтото е интересна, но толку... ништо повеќе. Требало тоа палто да се стави во пакет со други соодветни парчиња.
02. Христијан Тодоровски - Од сé она што можев да очекувам, ваква трансформација не очекував. Голем фан сум на стилот од тој период, па освен преголемите панталони немам никаква замерка... само пофалби. Во однос на интерпретацијата би кажал дека мислам дека ова е една од неговите подобри. Мислам дека никој не ни примети дека песната е спуштена. Сосема му прилегаше. Иако не скокаше на сцена како на претходните настапи, сметам дека вака е подобро. Беше сконцентриран на пеењето. Факт е дека сите приметија дека почнал да работи на самоконтролата, што особено ми се допаѓа.
03. Јана Бурческа - Стајлингот интересен и еквивалентен на темата. Косата како да сугерираше на тоа колку добро и прилегаат шишките. Иако цело време мислев дека песната и е погодена, како да загуби енергија при крајот. И тоа не само со пеењето. Енергија ми фалеше и во движењата. Знаеме дека сето ова е напорно, ама... :/
04. Ивица Велоски - Уште на најавата ме изнервира со фактот што е најстар меѓу кандидатите, а најмалку знае како да се однесува и зборува пред камера. Некогаш изјавите на артистите ги менуваат нивните кариери... тоа треба се знае. Иво, според мене го имаше најлошиот стајлинг. "Ленонка" - да, но само доколку ти прилегаат, што не беше случај со Иво. Од кога знам за себе ги мразам палтата со парчињата на лактот од ракавот (како и да се викаа... ), па на тоа додадете ја одвратката машна... СТРАШНО! Во однос на песната ќе речам дека Иво се обиде да остави свој печат врз неа низ интерпретацијата. За жал, според мене, само звучеше лошо. Движењата на сцена... ОК! Има искуство и знае што треба да прави за време на балада.
05. Дејан Јованов - Целокупниот впечаток ми е дека конечно се пронаоѓа на сцена. Полека сé помалку е оној Дејан без идентитет кој го гледавме до сега. Овој настап доста енергичен, се пронајде во песната и остави свој печат. Истиот многу ми се допадна, што не е случај со стајлингот. Идејата со палтото - интересна; реализацијата - лоша! Можеби без деталите на крагната ќе изгледаше многу подобро и помалку Елвис!
07. Виктор Апостоловски - Конечно да ми се допадне негов настап. Конечно да не "вришти Timberlake" на сцена. Конечно докажа дека и тој е способен за трансформација. Иако немам посебна причина за тоа, неговата интерпретација навистина ми се допадна. Стајлингот... хммм... сé освен кошулата, а особено чизмите ми се допаднаа. Една моја другарка има иста таква кошула... Верувајте ми, нејзе многу подобро и стои! :P
08. Нико Ѓоргиевски - Си испеа одлично, впрочем, како и секогаш. Најмногу ми се допадна тоа што свиреше на гитарата. Се однесуваше како да е дел од бендот. Обрна многу повеќе внимание на песната отколку на самиот настап, што кај таква песна и се очекува. Се соживеа со неа и ја изнесе рокерски, баш онака како што и си имаше замислено. Класичните парчиња гардероба веќе ги навикнавме на него и одлично му прилегаат. Но маицата ми "штрчеше"! Замислете кошула во иста боја на нејзино место... ќе беше многу подобро!
09. Билјана Ѓошева - Ако минатиот пат утна со песната, овој пат се изборила за онаа која таа сметала дека е вистинската, со што покажа дека има став. Ако има намера да продолжи да се заминава со музика, истиот ќе и биде, и тоа како, потребен! А со неа и нов концерт и нова трансформација која одлично ја изнесе. Храбар и особено интересен стајлинг... мојот омилен од овој концерт. Искрено, не знам што беше проблемот (Билјана или техниката), ама поголем дел од интерпретацијата не ја слушнавме. Како и да е, таа беше енергична на сцена, како што таа самата рече "шизеше"! Родена е за да биде на сцена... токму затоа сум особено среќен што не испадна! :D
10. Мики Секуловски - Она што не можеше, а да не се примети, беше неговата тежина. Очигледно сериозно си ја сфатил работата. Сцената бара и одговорност во однос на физичкиот изглед. Тој е видно ослабнат, што е за пофалба! Искрено, марамата ме збуни неколку пати, додека да се одлучам дека тоа е сепак принт со бринтанското знаме - моето омилено. Стајлингот во целина - младешки и супер искомбиниран! На овој коцерт докажа дека е фаворит на многумина. За време на изведбата беше интерактивен со публиката, што особено ми се допадна. Интерпретацијата моќна - едноствано онака како што требаше. Одлуката да ја насочи енергијата само кон пеењето, беше во овој случај оправдана!
И откако помина паузата, поголем дел од нас се шокираа кога ги водоа номинираните. Искрено, сметав дека Билјана ќе си оди, што никако не ми се допадна. Сепак знаеме дека 3цата номинирани не мора да бидат 3цата со најмалку гласови. Како и да е, уште еднаш испадна девојка. Јасно ни е дека девојките се поголема гласачка машина, но мислам дека ова веќе излегува од контрола. Барем јас, не би сакал да ги гледам последните концерти без девојки во нив. Како и да е ... Јуле си замина...
06. Јулијана Јованова - Во однос на изгледот само ќе речам дека хулахопките беа вишок! Сé останато одлично и креативно! Фустанот, чорапчињата, косата, која за првпат ја видовме во друга варијанта, плочата на глава... Едноставно храбро, интересно и креативно. Иако на моменти, можеби, искусните музичари, ќе најдат по некој фалш, интерпретацијата беше солидна. Изборот да се настапи со 2те верзии на песната, според мене, е одлична идеја. Таа беше енергична на сцена, со што ова беше еден од нејзините подобри настапи, а подобар и општо за Idol.
Сепак, сето тоа не помогна за да остане во шоуто. Искрено сметам дека нејзе не и беше редот. Таа имаше свој идентитет и стил. Некои други тоа го немаат. Меѓу машките кандидати има најмалку 2ца кои јас би ги исфрлил пред било кој друг. Ама не одлучувам јас, нели? :D За жал, одиме понатаму со само 2 девојки! :/
За крај би напоменал дека откако заврши концертот, сфатив дека можеби и не сум бил во право. Одлуката за темата била ОК... за некои од кандидатите и многу повеќе, со оглед на тоа што се пронајдоа во песните, повеќе отколку во некои други од претходните концерти.
И сега малку "трач рубрика - Macedonian Idol". :P Според моите информации, кореографиите ќе ги подготвува извесен Љупчо, најдобар студент за модерни танци во класата на големата Русима Рисимкин. Епа, ако ова е вистина, тогаш заслужено го чекаме толку долго. :P Барем кандидатите ќе работат со најдобрите... кога тогаш! :P
Втората трач информација се однесува на паровите меѓу кандидатите. Билјана и Иван? Дали и колку има вистина во оваа приказна... како што кажаа самите, ќе покаже времето. Сепак, јас би сакал Билјана да остане single. :P :D
Наредната недела ќе исфлиме уште некоја девојка? Се надевам дека не! Само да напоменам дека фотографиите се преземени од mnogoo.mkчисто заради авторски права и заради тоа што тие се единствени што навремено постираат квалитетни фотографии од Идол.
CommentZzz?! :)