19 May 2011

Macedonian Idol - 16.05.2011

LetZzz comment Macedonian Idol on 16.05.2011
Не знам како останатите гледачи го доживуваат Идол по циркузот од минатиот голем коцерт, но јас го загубив „чувството“ кое претходно го имав. Она чувство на еуфорија, на заинтригираност... Многу работи „паднаа во вода“ на тој концерт. :/ Како и да е, коментари и за овој концерт - имам! :)
Отварањето на концертот беше интересно замислен, но не и најдобро реализиран... барем мене не ми звучеа најдобро. "We will rock you" звучеше чудно, што е веројатно резултат на, и тоа како, различните вокали, кои кандидатите ги поседуваат. Сепак, "I love rock & roll" звучеше далеку подобро. Како и да е, вакви задачи треба да има почесто, затоа што понекогаш, ако не и секогаш, да знаеш да работиш во тим е најбитната работа за еден изведувач.
Потоа на сцена се појавија водителите, кои за разлика од претходните концерти, имаа многу лош стајлинг. Ненад имаше повеќе тексас на себе, отколку што смеело да се дозволи. Навистина, тексасот е во мода, меѓутоа, истиот треба да се користи во дозирана варијанта. Од друга страна, Иванна беше малку подобра. Премногу црн изглед, сосема утната фризура, шминката прејака! Сето тоа, ќе изгледаше далеку подобро, доколку беше искомбинирано со повпечатлив аксесоар, особено со бојата на истиот (пр. црвена, тиркизна, зелена... ).
Жирито, приказна за себе. Наместо да заборават на приказната од минатиот концерт, тие како намерно да се навраќаа на истата и само дополнително за „загушуваа“ атмосферата. Калиопи изгледаше одлично и покажа колку обетките се битен аксесоар за денешните трендови, без разлика на годините. Сепак, мораше да ги критикува „дечките од А1 Exclusive“, затоа што си дозволиле да ја критикуваат. Ми остава впечаток дека, според неа, нејзе никој не смее да ја критикува! :/ Игор... хммм... продолжи со Виктор, на начин кој што најмалку сакав да се продолжи. :/ Како и да е, стајлингот му беше како за на карневал, а не за на Идол. Што би кажале „македонските англичани“ - „What is too much, too much is!“! :P :) Првата работа која ми дојде на памет кога го видов Тони беше „Дали се скарал со Gillette?“ :P Моментот кога го исмеа Игор за машната ми се допадна... едноставно мораше да направи такво нешто. :) Инаку, како и до сега, фино облечен.
Друга работа која особено ми се допадна на овој концерт, беше поддршката од испаднатите кандидати. Билјана и Бети, која впрочем е присутна на секој концерт, беа во првите редови, Христијан, Лаура и Денис (за кој не бев сигурен дали добро го препознав, но од фотографиите се гледа дека бил таму) беа, исто така, присутни. Ова е за пофалба, особено по медиумското препукување меѓу дел од кандидатите.
Публиката, за жал, повторно крајно безобразна. Не дека треба да молчат цело време, меѓутоа треба да се воведе некој ред во тоа студио. Никој, а најмалку 13 годишни деца, не смеат да попречуваат директен пренос од овој тип. Организацијата на ова поле, страшно слаба!
Танчери/ки! Ги барав долго време и на крај добив... видовте и сами. Знам дека за 3 дена не може многу да се подготви, знам дека рок песните се малку специфични во овој аспект, ама исто така и знам луѓе кои во истите услови, ќе направеа далеку повеќе. Искрено, многу сум разочаран од нив.
И пред да почнам со поединечните коментари, уште еднаш ќе напоменам дека енергијата која Идол ја имаше до минатиот концерт, сосема ја снема. Верувам дека, освен децата кои плачеа за Виктор, другите и не се чувствуваа многу загрижено. Искрено, не знам дали и воопшто таа енергија ќе ја почувствуваме повторно. :/
01. Мики Секуловски (Bed of roses) - Прво нешто што забележив беше палтото. Интересно изведено. Стајлингот, во суштина, беше добар. Патиките ми „штрчеа“, а кога веќе не бил направен подобар избор со кошулата, истата требало да е во фармерките. Пеењето, типично во негов стил, различно (од оригиналот на песната, меѓутоа и од останатите кандидати) и квалитетно. Идејата со цветот беше одлична. Ме прашавте како да се „пополни“ балада на сцена... еве го одговорот! Само уште да не беше каранфил, туку роза, ќе беше перфектно! :P ;)
02. Иван Раденов (Is this love) - Прва работа која ќе ја искоментирам е муабетот на Иван, дека ја избрал песната затоа што е популарна!!! Тогаш, како утре ќе ги бира своите песни?!?! :o Карирана кошула, класично палто и фармерки... чудна комбинација, морам да признаам. Ама не изгледаше лошо. Сепак, јас никогаш такво нешто не би склопил. Вокално, добро си ја заврши задачата, главно, чисто и убаво испејано. Она што фалеше беше експресијата. Многу „бендовски“ пее и тоа ми пречи. Премногу механички! :/
BTW Што мислите за ова со Билјана? :D  Понуда или случајност? :)
03. Јана Бурческа (Aerials) - Колку чуден избор на песна! Не очекував дека ќе се осмели да го препее Serj Tankian. Тој има премногу специфичен и моќен вокал и тешко е да се доловат песните кои тој ги има испеано. Сметам дека можела да направи подобар избор со песната, особено во комбинација со своите вокални способности. Песната ја пренесе на одличен начин - малку театралност, онолку колку што е доволно, доволно емоција, а без драма. :) И сега стајлингот... Кој и да го работел, не знам која му била визијата. Сосема конфузно! Фризурата - страшна! Ако се споменат рокери, не мора сите да имаат некоја верзија на „четка“ на глава! :/ Фустанот, приказна за себе. Боите на него - ултра модерни, ама моделот - сосема утнат! Воопшто не кореспондираше со песната... Едноставно, премногу шик за System of a down!
04. Виктор Апостоловски (I don't wanna miss a thing) - Иако на моменти сосема немоќен во интерпретацијата, солидно испеано. Сметам дека песната беше преголем залак за неговите вокални можности, но самиот си ја избрал. Она што е битно за него е држењето на сцена. И покрај тоа што некои движења не успеа да ги искорени, има визија како треба да изгледа на сцена, речиси за секоја песна и знае како да ја пренесе емоцијата. Стајлингот беше одличен. Ова е сценски outfit! Многу различни парчиња на едно место, кои воопшто не асоцираа на она што Steven Tyler го носеше за оваа песна, што досега кај Виктор постојано се приметуваше. Креативно!
И тука следуваше вториот дел од драмата „Виктор VS. Жирито“! :O Сметам дека драмата која Игор, повторно, ја наметна беше сосема непотребна. Потоа Калиопи со својот говор се обидуваше да докаже дека таа секогаш мора да е во право, што, без разлика на мојот почит кон нејзината кариера, сметам дека не смееше да си го дозволи. Го губи својот авторитет во очите на македонската јавност со тие нејзини сфаќања. Тони, пак, како и обично, ја „спушти топката“, што ми се допадна! :) Сметам дека Виктор се „бореше со солзите“ и тука, но, главно, добро се снајде!
05. Дејан Јованов (Soldier of fortune) - Outfit-от здодевен како професор во средно! :P Бојата на кошулата - едноставно одвратна! Искрено, не знам колку оваа песна е добар избор, особено ако се земе в обзир фактот дека шоуто се приближува кон крајот. Лично, не ми е јасно како тој дотурка до тука, но сега на крајот треба да бира моќни песни, што оваа сигурно не е. Инаку, фино (и смирено) испеано. Конечно и емоција во интерпретацијата. Фацијално долови некои моменти, но тоа што се „струполи“ на сцената на крајот, воопшто не ми се допадна!
Во вториот дел, видовме и слушнавме нешто малку поинакво. Побрзи песни, со „кореографии“, кои главно не беа на она ниво кое го очекував! :(
01. Мики Секуловски (Smells like teen spirit) - Стајлингот - неверојатна утка! „Боцките“ на палтото, маицата која беше како украдена од филмски сет со мумии, едноставно не ми фунционираа. Сметам дека и песната ја утнал. Дали можеби тоа што е „малку болен“ (како што тој самиот рече) или нешто друго беше проблемот, не знам. Знам дека мене оваа песна и неговата интерпретација не ми беа добра комбинација. Сценската изведба... Кој рече дека Мики не е идол?!!? :) И сам, и со танчери, и во било која комбинација, тој е максимално соживеан со песната! Тоа фали на нашата сцена. Инаку, овој „лош“ Мики, навистина ми се допаѓа! :) Кореографијата, беше глупост, која да не беше „медицинската сестра“ на крајот, ќе беше комплетно фијаско! „Сестрата“ беше одлична идеја! :)
02. Иван Раденов (Resistance) - Пееше песна од мојот најомилен бенд, во одлична изведба на бендот на Идол. За жал, без грам фацијален израз поголем дел од песната. Инаку, одлично испеано. Кореографијата како да му беше обврска, а не придружен елемент на настапот, што е само резултат на доцното вклучување на овој елемент во настапите. Кореографијата, иако имале само 3 дена, сепак, можела да биде многу подобра. Важно покажа дека може да скока на сцена... и тоа добро! :P Стајлингот, со суштина, ОК, меѓутоа ланчињата на палтотот и нивната изведба не ми се допадна.
03. Јана Бурческа (Call me) - Стајлингот далеку од сценски. Фармерките сосема утнати, маичката слично... Фина замисла, лоша реализација. Интерпретацијата, според мене, исто далеку од одлична. Мене лично, воопшто не ми се допадна. Тоа што во својот настап го вклучи и мобилиниот телефон е интересна идеја. Јана добро се движеше на сцена, што не беше случај и со танчерките. :/ Наместо да играат на сцена, тие се обидуваа да глумат.
04. Виктор Апостоловски (Numb) - И покрај тоа што најголем дел од песната фино ја испеја, сметам дека истата му беше претешка. Веројатно, сега при крај одбира потешки песни намерно, но истите треба и да се изведат добро. За време на интерпретација се запрашав „Каде е револтот кој во лириката е присутен?“ Не го видовме, нити почувствуваме, а требаше фацијално и телесно да ја пренесе! Стајлингот, едноставно прекрасен. Урбано, модерно, фино склопено! Кој и да го „облекол“ Виктор за овој концерт, одлично си ја сработил работата. :)
05. Дејан Јованов (In the shadows) - Стајлингот беше само лош обид да се имитира нешто... искрено, не знам што. Сите парчиња како да беа украдени од плакарот на некој многу „покрупен“ од Дејан! :/ До рефренот пееше добро и подоцна интерпретацијата стана толку чудна, што се чудев зошто така ја пее песната. Мене воопшто не ми се допадна. Единствено во настапот на Дејан, танчерките направија нешто солидно. Впрочем да не беа тие, настапот на Дејан, кој беше статичен како бандера, ќе беше пропаст!
Откако завршија настапите на кандидатите, ја имавме честа да видиме еден од идолите кои испаднаа, или ако сакате со име - Анита Мицова, во интерпретација на своите почетоци. Искрено, ова особено ми се допадна и сметам дека ваквата практика требаше да се примени порано. Како и да е, со среќа нека е првата песна и многу успех на сите 20! :D
Номинациите, малку неочекувани, особено после „бледите“ настапи на дел од кандидатите. Иако бев речиси сигурен дека Јана ќе биде номинирана, не очекував дека таа ќе си замине. :/ Како и да е, Виктор беше (само) номиниран, кога девојчињата веќе се „фрлија во солзи“! :P Се плачеше на големо, па потоа се скокаше... :) Виктор, дефитивно, има големо гласачко тело, кое, многу веројатно, ќе го изгласа меѓу финалистите, ако не и како победник! ;)
Она што е јасно е дека првиот македонски идол ќе е машко! :) Она што, исто така, е очигледно е дека тензијата отиде во спротивен правец - големи драми, наместо смиреност при крајот. Исто така, очигледно е дека техниката на „гледање низ прсти“ сеуште важи за извесни кандидати, без разлика на тоа што сега треба да се биде максимално критичен!
Се надевам дека наредниот концерт ќе има подобра „back-office“ организација, дека проблемот со публиката ќе се реши (конечно), дека жирито ќе успее да ги оддели своите лични видувања од она што е работа на жирито, дека оној дел од кандидатите кои сеуште „чуваат џокери по џебовите“ ќе престанат да го прават тоа и дека барем на крај ќе заврши шоуто на начин кој што му доликува!
WhatZzz your opinion? What are your commentZzz?
Фотографиите, како и вообичаено се преземени од fun.mnogoo.mk!

1 comment:

  1. Перфектно напишано! Не сум гледала до сега, но морам, во понеделник, right? Тотално се согласувам за тексасот на Ненад - wtf? Обично кога темата е "рок" the hosts треба да бидат облечени карикирано heavy metal макар и на заебанција :P Мило ми е што девојката излегла, мислам дека нејзините изведби се бледи (и уште еднаш се потврдува фактот дека во МК "мачо" факторот повеќе успева (интересна тема за анализа)). Меѓу дечките што останаа не гледам некој роден потенцијал за big star: посебно не кај високиот ((бљак)); мачо ефектот кај Мики не е доволен за тинејџерската публика, а Иван Раденов пее како збунета рок-ѕвезда пред пензионирање! Останува Виктор, кој can't look beyond вриштењата и аплаузите и неминовно се дигнал и "самобендисал" - што и не е лошо - од друга страна му дава голема самодоверба на сцена. Од овој избор тука, сметам дека Виктор треба да победи (иако сметав дека Кико има ѕвезден фактор додека настапува (слатка детска фаца, влегување во филм & he could have been лошо изведена МК Бибер копија), но од друга страна иритира со своето однесување :S ...
    За однесувањето пак на жирито во случајот Виктор - сметам дека го претерале (не сум гледала American ниту пак друг Idol) но овие изгледаат како искомплексирани, подготвени за кавга,(со мала плата) wasted & expended фаци. Секако дека треба да ги советуваат, но Виктор може да го средат behind scenes..
    ...
    I will be back next gala with more accurate commentZzz :P

    ReplyDelete