Последниот понеделник во знакот на Macedonian Idol, впрочем како секој понеделник во последниве неколку недели. Разликата од другите, меѓу останатото, во тоа што на овој концерт, наместо еден, испаднаа 2 кандидати. Моето видување за целиот концерт во продолжение.
Темата (EX-YU) ... некако премногу широка, опсежна. Организаторот никако да најде средина. Или темата е претесна, за да сите кандидати се пронајдат или толку широка, што сметам дека некои од нив дури имаа проблем со тоа. Друга замерка се техничките проблеми. Овој пат слушалките и микрофоните беа главен проблем. За танчерите веќе не сакам ни да коментирам! Многу најави, малку исполнувања.
Она што оваа недела исто би го искоментирал е однесувањето на Калиопи. Претера со своите "поетски" коментари. Пристуните во салата, и тоа како, имаат право да бидат гласни... колку што сакаат или, подобро да кажам, колку можат! "У-кањето" (простете ми за терминот) е составен дел од сцената. Дури и најголемите музички ѕвезди понекогаш се соочуваат со тој проблем. А ако јас лично се прашувам, кандидатите кои го искусија овој момент, го заслужија претходно!
Водителскиот пар, приказна за себе. Нивниот стајлинг, кој делуваше како една компактна целина, навистина ми се допадна. Беше во склад со темата, или барем делот без она "EX", кога на овие простори постоеја "Титовите пионер(чиња)". Она што морам да го забележам е однесувањето на Иванна. Колку Ненад е сé подобар во она што го работи, се однесува прикладно, се труди да даде максимум од себе, толку Иванна има се поголеми испади. Коментарот за "лапањето" беше сосема неприкладен. Без разлика каков е карактерот на емисијата, тука зборуваме за култура на изразување на национална телевизија. Нејзиното "лигаво" однесување веќе сериозно ми скока по нерви! Едноставно иритира! :/
И конечно, некој коментар за кандидатите. Ќе одам по редот по кој настапија, прескокнувајќи ги двајцата, сега веќе, испаднати.
02. Дејан Јованов (Либар) - Иако интерпретацијата, во суштина, беше ОК, за жал тоа е сé! Не остави, ама никаков позитивен белег врз песната. Се трудеше само да ја испее правилно, што мене лично не ми се допаѓа. За тоа како се движеше на сцена, само ќе речам дека работел, осмислувал движења, што беше приметно, ама фацијално воопшто не ја "донесе" песната. Дури на моменти и се смешкаше, што со оваа песна, некако, не ми оди. Изгледот... наместо, кој и да го работи неговиот стајлинг, му помогне да се "издвои од толпата", Дејан сé повеќе е без нешто, било што, што ќе го разликува од другите. Во суштина комбинацијата беше здодевна. :/
03. Јана Бурческа (Додирни ми колена) - Иако стајлингот е во голема мера "2010", мене навистина ми се допадна. Истакна сé што требаше, а покри толку онолку колку што требаше! ;) Коментарот за потпетиците -ГЛУПОСТ! "Превисоки потпетици" - не постои такво нешто (освен ако Вашата девојка е повисока од вас :P )! За песната ќе речам дека, според мене, беше сосема погодена. Меѓутоа, проблемите со слушалката, веројатно, беа причината за таа несигурност кај Јана, која се чувствуваше за време на нејзиниот настап. Имаше осмислена рамка во однос на движењата, која спонтано ја пополни со својот шарм и позитивна енергија.
04. Иван Раденов (Бацила је све низ реку) - Дефинитивно, ова не е мојот омилен настап на Иван. Рефренот го пееше "на сила", на моменти беше прегласен, на моменти (ако не ја знаете песната) не се ни разбираше што пее. Посветил внимание на пеењето, ама за еден изведувач пеењето е далеку од "сé"! Без, ни малку, имагинација и креативност за настапите! Треба да работи некој со нив, да ги советува на ова поле. Инаку, Иван беше облечен во неверојатно здодева комбинација! :o Тој е премногу млад за вакви outfit-и! Нека ми објасни некој што беше финтата со ракавите, зашто јас не ја разбирам! Комбинацијата на боите... исто! Сé на сé... ЛОШО!
06. Билјана Ѓошева (Буди добар као што сам ја) - Веројатно по црвениот фустан, со кој не фасцинираше, ова е 2ра најелегантна комбинација на Билјана. Иако изгледаше одлично, мене лично цветовите ми беа премногу "Sex & the City", а бисерите воопшто не ми се омилени. :) Иако, за време на интерпретацијата, повеќе пати се прашав дали оваа песна беше вистинската за неа, морам да кажам дека ниските тонови одлично ги испеа. За разлика од некои останати кои поминаа низ Идолот, нејзиното пеење во тие фази е сосема разбирливо. Ако на претходниот настап, таа скокаше, ко да добила на лото, овој пат сосема смирено, се посвети на пеењето. Она што не ми се допадна овој пат, беше "машкото" држење на сцена. Таа елеганција на фустанот, требаше да се надополни со движења. Коментарот на Игор, дека Билјана е "Секси" и "WOW" сосема го поддржувам! ;)
07. Мики Секуловски (Све још мирише на њу) - Мики едноставно плени! Стана миленик на сите - без разлика на возраста, полот, вкусот за музика! Верувам дека му е сé потешко таму, затоа што се наметнува како главен фаворит, што сигурно е голем притисок. Ама тој совршено се носи со него. Ако некој меѓу кандидатите има препознатлив вокал, тоа е дефинитивно Мики. На овој настап, остави свој печат на песната, што мене многу ми се допадна! Беше интерактивен со публиката, за време на целиот настап имаше целосна контрола врз себе, што е за пофалба! Изгледот - креативен! "Наполеоновото војничко палто", изведено со патенти особено ми се допадна! Сепак, наместо блузата која ја носеше под него, црвена кошула или барем марама врз блузата ќе направеше голема разлика. Како и да е, за да Мики биде следниот голем пејач од Македонија, сé што треба да направи ... е да продолжи да се занимава со музика! ;) :D
08. Христијан Тодоровски (Зашто правиш слона од мене) - Кога излезе на сцената се прашав: Дали детево има појдено на денско кафе? Прашањево се однесуваше на стајлингот. Кога си на сцена, не смееш да изгледаш како "по дома"! Иако песната сугерираше на по-casual стајлинг, ова беше лоша комбинација. Можеби без кошулата барем малу ќе ми се допаднеше! Изведбата, мене лично ми беше ОК. Мислам, Кико не е Мики, ама солидно испеа. Со оглед на тоа какви сé изведби видовме од него, оваа беше солидна. Она што е карактеристично за него е дека sense за сцената. Знае како да се однесува на неа. Интерактивноста и кај него е за пофалба!
09. Виктор Апостоловски (Ти си ми у крви) - Конечно пропеа! Конечно покажа што знае и умее! Конечно даде оправдување зошто е еден од фаворитите! Прв зрел настап на Виктор. Прв негов настап, што навистина ми се допадна! Максимално беше сконцентриран на пеењето, што овојпат е и повеќе од оправдано, во однос на некоја потенцијална кореографија. На мое лично задоволнство сé помалку J.Timberlake во неговите настапи. Стајлингот, исто морам да го пофалам. Мојот омилен од овој концерт. Идејата и кај неговиот стајлинг да се земе инспирација од воена униформа (ако не се лажам тука стануваше збор за Британската од 19 век) беше исправна. Единствена замерка ми е жолтата лента на крагната, која изгледаше како да е симната од завеса! :P Да беше подобро поставена, ќе беше перфектно!
И откако ги изгледавме настапите, мала пауза, па го гледавме Кнез. Морам да ви кажам дека, откако го гледав во Survivor, мене лично тој ми е карикатура! Некои луѓе, едноставно, подобро да си седат дома, отколку да се пријавуваат на такви reality-show-а!
Номинациите, на мое лично задоволство не се однесуваа на девојките. Ќе беше премногу доколку уште една од нив испаднеше. Христијан, по кој знае кој пат повторно меѓу номинираните. Не знам зошто, ама имам чувство дека постојано седи на тоа столче, за да се приберат повеќе гласови од младите (да не речам малите) гласач(к)и. Тој се спаси. Изненадувањето следеше, кога сфативме дека водителите се сериозни кога рекоа дека и Нико и Ивица си одат дома! :O
01. Нико Ѓоргиевски (Молитва) - Кога го видов не сцена 2 работи ми "штрчеа"! Косата, која под итно мора да ја среди и црвената лента на половината. Останатото беше солидно, иако идејата не беше оригинална. Со оглед на тоа што песната е од "женски" изведувач, изведбата, очекувано, звучеше различно. Според мене моќно и преубаво. Движењата му беа смислени, фино склопени, моментите со неговата девојка особено ми се допаднаа... едноставно делуваше како да ја има преживеано песната.
Она што, според мене, го испрати Нико дома е неговиот лош пристап. Од маркетингшки аспект, тој дозволи Мики да му го прибере местото каде што тој совршено прилегаше - романтичен, културен, идеален зет! :P Тој постојано се трудеше да докаже колку неговите вредности се вистински, што ги заборави вредностите на шоу бизнисот. Му посакувам сé најубаво, ама за да не го снајде судбината на Ѓорѓи Крстевски, ќе мора да работи многу на јавниот имиџ.
05. Ивица (Иво) Велоски (Ако има Бога) - Искрено, не знам што им се допадна членовите на жирито, па му дадоа такви коментари. Според мене, ова беше неговиот најлош настап. Изведбата беше толку напорна за слушање, толку не му прилегаше песната, толку многу се напрегаше за звучи како Ален, што мислам дека никако не беше за пофалба! Движењата на сцена со идентичен пристап - планирани, но без концепт. Да легнеш на сцената додека пееш, без коцепт е глупост! Она што ми се допадна кај него беше стајлингот. Класично, едноставно, а не досадно, рокерски, што некако и го опишува Иво и неговиот стил.
Ако Нико имаше проблем со "украден" маркетинг пристап, Иво имаше проблем со тоа што... тој немаше пристап. Пред камера се однесуваше како да не му е гајле, како да е подобар од другите, на моменти делуваше неписмено со тоа што не знаеше како да се изрази, што, меѓу другото, исто така влијае на јавниот имиџ. Морам да признаам, мене не ми беше меѓу омилените, токму заради однесувањето! Ако сака да биде нешто повеќе од само "некој" пејач, тоа е аспектот на кој ќе мора најмногу да работи!
Она што морам тука на крај да го искоментирам е интервјуто на Жаре со испаднатите кандидати (Еден на еден). Сметам дека сето она што некои, ако не и сите кандидати го кажаа за Нико е одраз на нивната зрелост. Наместо да го прават спротивното, тие стануваат непријатели со сите оние кои ќе си заминат! Сметам дека Нико се чувствуваше особено незгодно за време на емисијата, дури и ако кажаното е вистина. Некои работи се кажуваат лице-во-лице... и толку!
Она што исто сакам да го искоментирам е моментот кога одлуката падна двајца кандидати да го напуштат шоуто. Сметам дека, на овој или на оној начин, некои кандидати се преферирани од самите организатори. Ако идејата била да не испаднат 2 девојки, затоа што тоа ќе значеше дека шоуто останува само со една, тогаш, можеби и ќе се сложам со одлуката. Ама можеби! Секој друг пристап, не ми се допаѓа!
И за крај... не знам што да ви кажам. Се надевам дека нешто ќе се смени на подобро, дека "некој" ќе воведе новини, дека конечно ќе видиме танчери на сцената, дека компетентни лица ќе почнат да работат со кандидатите, за да ги научат како треба да се однесуваат пред камерите... Едноставно, има многу работа со нив, а организаторите како да не ги засега тоа. :/
CommentZzz anyone?
P.S. Се надевам дека нема да ми замерите за квалитетот на фотографиите и логото на Macedonian Idol врз нив, кои и овој пат се преземни од http://fun.mnogoo.mk, ама додека да си најмам свој личен фотографер, ќе мора вака! :P Мала шега... :D
kako toj da nema komentar za sheshir na tonita? :D
ReplyDelete