04 May 2011

Macedonian Idol - 02.05.2011

LetZzz comment Macedonian Idol on 02.05.2011!
Дали и колку плачеа фановите на Кико по завршувањето на последниот концерт, искрено не знам, затоа што немам ни еден во моја близина. :) Она што го знам е дека оваа гала не донесе некои големи промени во однос на мојот став кон поголем дел од кандидатите.
На почетокот на концертот, жирито ги критикуваше кандидатите за начинот на кој го испратија Нико. И покрај тоа што на A1 Exclusive беше напоменато дека нивната задача не е да ги критикуваат кандидатите надвор од сцената, сметам дека критика, и тоа како, беше потребна. Можеби начинот на кој Игор ја пренесе не ми се допадна, но сепак, мораше да им се на напомене дека таквиот пристап е погрешен.
Темата - интересна. Мене лично ми се допадна. Она што не можев да го разберам, беше изборот на песните кај некои од кандидатите, како на пример Билјана. Од друга страна, некои си најдоа песни кои совршено им прилегаат, како Јана на пример, додека други останаа идентично добри, како и на претходните концерти, како Мики.
Друга работа која особено ме нервираше за време за шоуто беа децата во публиката. Ако не можете да ги контролирате, или не продавајте толку карти, да не речам срциња, или осигурајте се дека обезбедувањето ќе го реши овој проблем, или, доколку нема друга алтернатива, истерајте ги! Да дозволите публика со средна годишна возраст од 12, да го "ремети" концертот е сосема неоправдано!
Калиопи, како и во претходните неколку концерти, беше премногу долга во своите излагања, да не речам досадна. Она што е ново за неа и нејзината улога во жирито е дека сега стана и Мајка Тереза! Подароци за сите! Да подариш роза на кандидат, е една работа, ама да си го делиш накитот... Мене лично оваа работа, страшно ме иритира. И додека Тони е веројатно најмалку компетен меѓу нив тројцата (мислам музички), тој е, според мене, најреален. Не "замара" без потреба, се труди да е реален и комичен, сé оддеднаш. И Игор... мислам дека тоа со пораката, не му требаше. "...Продуцентот на музичкото шоу, кое беше 10 пати помалку гледано од Идол..." (парафразирано) е низок удар за некој, кој од јавноста е перцепиран сосема поинаку. :/
Водителкиот пар, идентитични како до сега. Ненад одлично сконцентриран на сцена, додека Иванна се "бори" со Кико во "црвената соба". Како и да е, мислам дека некој реагирал за нејзиното однесување од минатиот коцерт, па поголеми испади немаше. Инаку изгледаше солидно, иако ништо невидено досега, меѓутоа, доколку јас се правушам, немаше потреба од толку алки. Мислам сериозно... изгледаше како елка, секој пат кога таа рака ќе се најдеше во кадар! Ненад, иако класично, можеби и премногу, изгледаше повеќе од солидно!
И пред да почнам со моите коментари за кандидатите, да напоменам уште една работа, која сметам дека е вредна да се каже, а досега ниту еднаш не ја споменав. Тоа е бендот. Мислам дека подобар не можеше да се избере за овој тип на шоу. Прекрасно ги свират сите песни, без разлика колку тие се од различни стилови. Некои дури звучат и идентично како оригиналот (ако не и подобро). Секоја чест!!!
По редниот број по кој настапуваа, освен Кико, секако, моето видување за настапите на кандидатите.
01. Дејан Јованов (Kiss) - Прво стајлингот. Иако досаден и премногу класичен, мене ми се допадна. Тоа е главно поради тоа што боите и кројот на парчињата беше убаво вклопен. Следна работа: Кога некој кандидат на Идол ќе дотурка во финалните 7, од него очекувате веќе да има sense за сцената и да знае како да се однесува на неа. Тоа на Дејан никако да му појде од рака. На ваква песна, едноставно не смееше да биде здрвен, како што беше. Ова е еден од моментите, каде јасно се забележува отсуството на професионалци од оваа сфера, кои би работеле со кандидатите.
Интерпретацијата и останатите апсекти од овој настап, во суштина ништо посебно... барем мене не ме воодушевија. Немаше контакт со публиката, како кај повеќето од останатите кандидати, сметам дека не остава свој траг над гледачите. Затоа и, според мене, тој е моментално најслабиот меѓу кандидатите, на ова поле особено!
02. Мики Секуловски (Let me entertain you) - Стајлингот на Мики, како и на последните неколку концерти, одличен. Кога го видов, само една работа ми помина главата - ROCK STAR! Ракавицата, каишот и сé останато навистина многу ми се допадна. Јас на стапалата би ставил одврзани "мартинки", меѓутоа тоа е веќе работа на вкус. И вака дизајнираните чизми, беа добар избор!
За неговото пеење, што друго да се каже, освен дека докажа дека и со поп музиката одлично се снаоѓа. Иако, за тоа што треба да прави на сцената, во оние моменти кога нема испланирано ништо, му треба малку помош од професионалци, поголем дел од настапот знаеше што сака (и треба) да прави на сцена. Тоа е само јаготка на шлагот.
Реално, сметам дека тој е, можеби, и единствениот меѓу кандидатите, кој посветува внимание на секој елемент од настапите. Ослабе многу килограми за краток период, испеа сé што можеше да се побара од него, одлично ги бира стилистите, ја освои целата македонска јавност... и после некој ќе праша, зошто е фаворит? ;)
03. Билјана Ѓошева (Everytime) - Секогаш кога таа е номинирана сум 100% сигурен дека ќе испадне. На мое лично задоволство, никогаш, барем досега, не сум бил во право. :D Иако е еден од моите фаворити (заедно со Мики), сметам дека несигурноста, заморот и истрошеноста во однос на имагинацијата, ја "спушти" Билјана во општиот ранк меѓу гледачите.
Последниов настап е приказна за себе. Кој воопшто и дозволи да ја пее оваа песна?!?! Не ја критикувам песната, меѓутоа во вечер со ваква тема, сметам дека Билјана ќе беше далеку подобра со некоја брза песна од типот на оние на Madonna. Според мене, песната - сосема утната! Иако "викна" дури од половина песна, иако имаше по некој фалш, мене ми се допадна како ја испеа. За среќа, звучеше различно од Spears. :P Во однос на движењата, пред да прашате кои движења, зашто немаше никакви, ќе ја напоменам фацијалната експресија, која кај Билјана на овој настап беше одлична. Исто за пофалба е тоа што успеа да ја пренесе енергијата на публиката, што на крај резултираше со голем аплауз. Стајлингот, фино склопен... за состанок! Воопшто не кореспондираше со песната! :/
Билјана, оваа недела си дома. Наполни ги батериите! Ја сакам старата енергична, самоуверена, весела Билјана!!!
05. Виктоп Апостоловски (Grenade) - Едноставно си ја погоди песната. Си одбра нешто што му прилега во секој аспект и сметам дека добро си ја заврши работата. Едниствен момент во интерпретацијата, кој особено ми сметаше, беше начинот на кој го изговараше зборот "you"! Не знам колку вие приметивте, но мене тоа воопшто не ми се допадна! Очекувам од оваа млада екипа, добро да го владеат англискиот јазик.
Друга работа која не ми се допадна - стајлингот! После онаа елеганција која ја видовме последниот пат, ова ми беше страшно лошо. Како да имаше појдено на прошетка на кеј! Уште на тоа ако се додаде дека наликуваше на начинот на кој Bruno Mars ги прави своите комбинации со облеката... Фалеше уште карирана кошулка и ќе беше фијаско! 
Добра работа за неговиот настап е, секако, начинот на кој ја донесе на сцена. Ја искористи сцената, движењата му сугерираа на текстот, па ќе речам дека од овој аспект, солидно сработено.
06. Јана Бурческа (Man! I feel like a woman) - 2 работи кај стајлингот не ми беа јасни. Косата и розeвите потпетици... акцент на бојата! Косата ми беше аматерски обид, а чевлите, на ништо не ми одговараа. Како и да е, сме виделе многу полоши работи во однос на ова.
Иако, не го остави микрофонот поголем дел од настапот, не беше статична, што за мене е плус. Беше позитивна и сосема внесена во песната, што е за пофалба. И кога сме веќе кај песната... БРАВО Јана! Ова е најдобриот избор кој го имаше направено. Ако Shania ја снема од светската сцена, нејзините песни ја вратија Јана во игра! За овој настап само уште ќе кажам дека е, веројатно, подобар и од оној со Pride Mary од Turner. Само напред!
07. Иван Раденов (I want to break free) - Инспирацијата земена од стилот кој Mercury го негуваше. Иако можеби премногу црни парчиња на едно место, ќе напоменам дека убаво беа склопени парчињата. Среќа што не беше облечен како Mercury на почетокот на спотот, нели? :P
Иван има многу чист вокал, па и интерпретацијата беше одлична. Звучеше прекрасно! Ама, за пејач да биде добар и на сцената, треба нешто повеќе од само пеење. Јас сум свесен дека неговото искуство со бендот си го направило своето, но мора да промени нешто. Кога настапуваш соло, целото внимание на публиката е сконцентрирана само на тебе. Според мене Иван тука мора доста да поработи. Исто така, мора да се диференцира. И Мики е одличен пејач, ама за разлика од Иван, тој е поразличен од останатите, а тука не мислам само на вокалот!
По кратката пауза, неразбирлив концепт на повикување на кандидатите на сцена, водителите беа доста збунети, микрофоните не функционираа... На овој или на овој начин, на "жешките" столчиња, Кико, искусниот на ова поле, и двете преостанати девојки. 
И тука бев сигурен дека Билјана си оди дома, посебно заради послабите настапи во последните 2-3 концерти. Јана веднаш ја вратија назад, па мојата теза беше на праг кон исполнување. Кога Иванна рече дека ќе има многу плачење, првин помислив дека си одат и двајцата... па потоа чекав цела вечност додека Иванна да каже дека само Кико си оди... Моите двајца најомилени, барем од оние кои сеуште учествуваат, влегоа во најдобрите 6. :D
04. Христијан Тодоровски (You are not alone) - Иако, можеби, за крај не треба да го критикувам, имаше некои слаби моменти. На пример, стајлингот. Едно е да земете инспирација од некој артист и неговиот стил, ама да направите копија на истиот... е лоша работа. Знаеме дека и најлошиот оригинал е подобар од најдобрата копија.
Тој "лов на камерите" кој Кико го правеше за време на целиот настап, воопшто не ми кореспондираше со песната. Исто така, приметив дека има проблем со тоа да стои на едно место. :) Како и да е, добро испеа! Конечно пеењето беше во преден план. Можеби на моменти и "на сила" ја пееше песната, но звучеше многу добро!
Што според мене беше причината за излегувањето на Кико? Едно е да не те сакаат сите, ама друго е да има многу кои немаат позитивно мислење за тебе. Сметам дека ментално не е подготвен за притисокот кој го преживеа. Тој има талент, има чувство за сцена, различен е... само понекогаш ја губи основната насока. А тоа е "кон публиката", а не "кон себе"!
Веројатно, со тек на време, откако ќе ги сумира впечатоците од целиов овој период, ќе направи концепт што и како понатаму. Јас верувам дека, ако не го бидне како интерпретатор, ќе го бидне како актер! :) Му посакувам сé најдобро... и многу среќа... ќе му треба!
Она што од наредните концерти го очекувам е вистинска борба. Останаа сите оние кои беа најдобри во нешто. Најдобри во пеењето (Мики), најдобри во прибирањето фанови (Виктор), најдобри во диференцирањето (Билјана), најдобри во задржувањето на својот личен имиџ (Јана) и сл. Сметам дека од сега понатаму ќе се бие битката меѓу нијанси. Иако, сметам дека музички има голема разлика меѓу квалитетите на овие 6 преостанати, факт е дека само тие квалитети повеќе не се потребни! Ќе треба многу повеќе! Let them play hard ... as hard as they can handle!
CommentZzz anyone?
Кои се ваши фаворити? :D Let me know! :)
P.S. Фотографиите, како и на минатите Blog-ови, се преземени од fun.mnogoo.mk!

2 comments:

  1. Моето сурово и грубо мислење, после погледнување на дотичните клипови:
    1. Дејан Р. - ми се згади од начинот на кој ја држи раката, небаре бас свири! цела концентрација му беше каде да му стои раката :S Тотално досаден, висок и слаб дечко, здрвен, не ни треба Сергеј Цветковиќ look alike :P
    2.Мики Секуловски - одлична изведба, глас и (мање-више) однесување. Мана му е што потсеќа на Иван f-king Јованов:P Не е соодветен за "идол",такоречи тинејџерки нема да се палат по него (со исклучок на локал-патриотките),добар е да настапува по тезги:P
    ..
    to be continued ;P

    ReplyDelete
  2. Milena is back in the game... :)

    ReplyDelete