19 April 2011

Macedonian Idol - 18.04.2010

LetZzz comment Macedonian Idol's concert on 18.04.2010!
Некако работите, за жал, одат во онаа насока во која веќе напоменав дека веројатно би оделе. Со секој нареден коцерт, со една девојка помалку. Дали на Билјана и Јана им се "пишува црно" на наредните 2 коцерти?
Да се оддаде почит на, веројатно, најголемиот бенд на сите времиња е убава работа, но дали оваа тема беше соодветно изберена? Дали вака "тесни" теми се прерани? Една моја драга другарка рече дека веројатно ќе им требаат другите теми за до крајот... сепак... Јас сметам дека можело да се одбере тема која е поопширна и поинтересна. На пример тема од типот "(Музички или Рок) Легенди" ќе ги опфатеше и Beatles.
Интересна и посебна работа за овој коцерт беше тоа што овој пат бендот беше на сцена, заедно со кандидатите, што ми се допадна. Она што не ми се допадна, е фактот што режисерот повеќе внимание посветуваше на бендот, отколку на кандидатите, за време на нивните настапи. Треба да се знае кој има приоритет.
Водителскиот пар изгледаа солидно. Иванна ми беше фацијално преубава, особено ако се земе в обзир дека мене, таквите огромни трепки (кои како да доцнат како тренд на нашата сцена) особено ми се допаѓаат. Фустанот, пак, требало да е 5 цм пократок. Иако и двајцата беа облечени да кореспондираат со периодот од кој потекнува творештвото на Beatles, таа должина не е карактеристична за тие периоди. Ненад од друга страна пак, сé повеќе ми ставува репер за тоа како треба да се однесува некој пред камера. Мене лично, патиките воопшто не ми се допадна и би заменил со некои во црна боја, за да одговара со каишот. Сепак останатото... интересно спакувано.
И сега по некој (мој личен) коментар за кандидатите, по редоследот по кој настапија, со исклучок на Јуле.
01. Иван Раденов - Уште во најавата забележав нешто ново за него. За прв пат на големите концерти пееше песна, која претходно ја нема изведувано со својот бенд. Иако, можеби, изгледаше како песната да му е претешка и превисока, мене ми се допадна неговата изведба. Иако body-language-от беше присутен, со таков текст штета е што не видовме повеќе. Фали инвентивност во однос на сценските настапи, и тоа не само кај него. Во однос на стајлингот само ќе речам дека идејата со палтото е интересна, но толку... ништо повеќе. Требало тоа палто да се стави во пакет со други соодветни парчиња.
02. Христијан Тодоровски - Од сé она што можев да очекувам, ваква трансформација не очекував. Голем фан сум на стилот од тој период, па освен преголемите панталони немам никаква замерка... само пофалби. Во однос на интерпретацијата би кажал дека мислам дека ова е една од неговите подобри. Мислам дека никој не ни примети дека песната е спуштена. Сосема му прилегаше. Иако не скокаше на сцена како на претходните настапи, сметам дека вака е подобро. Беше сконцентриран на пеењето. Факт е дека сите приметија дека почнал да работи на самоконтролата, што особено ми се допаѓа.
03. Јана Бурческа - Стајлингот интересен и еквивалентен на темата. Косата како да сугерираше на тоа колку добро и прилегаат шишките. Иако цело време мислев дека песната и е погодена, како да загуби енергија при крајот. И тоа не само со пеењето. Енергија ми фалеше и во движењата. Знаеме дека сето ова е напорно, ама... :/
04. Ивица Велоски - Уште на најавата ме изнервира со фактот што е најстар меѓу кандидатите, а најмалку знае како да се однесува и зборува пред камера. Некогаш изјавите на артистите ги менуваат нивните кариери... тоа треба се знае. Иво, според мене го имаше најлошиот стајлинг. "Ленонка" - да, но само доколку ти прилегаат, што не беше случај со Иво. Од кога знам за себе ги мразам палтата со парчињата на лактот од ракавот (како и да се викаа... ), па на тоа додадете ја одвратката машна... СТРАШНО! Во однос на песната ќе речам дека Иво се обиде да остави свој печат врз неа низ интерпретацијата. За жал, според мене, само звучеше лошо. Движењата на сцена... ОК! Има искуство и знае што треба да прави за време на балада.
05. Дејан Јованов - Целокупниот впечаток ми е дека конечно се пронаоѓа на сцена. Полека сé помалку е оној Дејан без идентитет кој го гледавме до сега. Овој настап доста енергичен, се пронајде во песната и остави свој печат. Истиот многу ми се допадна, што не е случај со стајлингот. Идејата со палтото - интересна; реализацијата - лоша! Можеби без деталите на крагната ќе изгледаше многу подобро и помалку Елвис!
07. Виктор Апостоловски - Конечно да ми се допадне негов настап. Конечно да не "вришти Timberlake" на сцена. Конечно докажа дека и тој е способен за трансформација. Иако немам посебна причина за тоа, неговата интерпретација навистина ми се допадна. Стајлингот... хммм... сé освен кошулата, а особено чизмите ми се допаднаа. Една моја другарка има иста таква кошула... Верувајте ми, нејзе многу подобро и стои! :P
08. Нико Ѓоргиевски - Си испеа одлично, впрочем, како и секогаш. Најмногу ми се допадна тоа што свиреше на гитарата. Се однесуваше како да е дел од бендот. Обрна многу повеќе внимание на песната отколку на самиот настап, што кај таква песна и се очекува. Се соживеа со неа и ја изнесе рокерски, баш онака како што и си имаше замислено. Класичните парчиња гардероба веќе ги навикнавме на него и одлично му прилегаат. Но маицата ми "штрчеше"! Замислете кошула во иста боја на нејзино место... ќе беше многу подобро!
09. Билјана Ѓошева - Ако минатиот пат утна со песната, овој пат се изборила за онаа која таа сметала дека е вистинската, со што покажа дека има став. Ако има намера да продолжи да се заминава со музика, истиот ќе и биде, и тоа како, потребен! А со неа и нов концерт и нова трансформација која одлично ја изнесе. Храбар и особено интересен стајлинг... мојот омилен од овој концерт. Искрено, не знам што беше проблемот (Билјана или техниката), ама поголем дел од интерпретацијата не ја слушнавме. Како и да е, таа беше енергична на сцена, како што таа самата рече "шизеше"! Родена е за да биде на сцена... токму затоа сум особено среќен што не испадна! :D
10. Мики Секуловски - Она што не можеше, а да не се примети, беше неговата тежина. Очигледно сериозно си ја сфатил работата. Сцената бара и одговорност во однос на физичкиот изглед. Тој е видно ослабнат, што е за пофалба! Искрено, марамата ме збуни неколку пати, додека да се одлучам дека тоа е сепак принт со бринтанското знаме - моето омилено. Стајлингот во целина - младешки и супер искомбиниран! На овој коцерт докажа дека е фаворит на многумина. За време на изведбата беше интерактивен со публиката, што особено ми се допадна. Интерпретацијата моќна - едноствано онака како што требаше. Одлуката да ја насочи енергијата само кон пеењето, беше во овој случај оправдана!
И откако помина паузата, поголем дел од нас се шокираа кога ги водоа номинираните. Искрено, сметав дека Билјана ќе си оди, што никако не ми се допадна. Сепак знаеме дека 3цата номинирани не мора да бидат 3цата со најмалку гласови. Како и да е, уште еднаш испадна девојка. Јасно ни е дека девојките се поголема гласачка машина, но мислам дека ова веќе излегува од контрола. Барем јас, не би сакал да ги гледам последните концерти без девојки во нив. Како и да е ... Јуле си замина...
06. Јулијана Јованова - Во однос на изгледот само ќе речам дека хулахопките беа вишок! Сé останато одлично и креативно! Фустанот, чорапчињата, косата, која за првпат ја видовме во друга варијанта, плочата на глава... Едноставно храбро, интересно и креативно. Иако на моменти, можеби, искусните музичари, ќе најдат по некој фалш, интерпретацијата беше солидна. Изборот да се настапи со 2те верзии на песната, според мене, е одлична идеја. Таа беше енергична на сцена, со што ова беше еден од нејзините подобри настапи, а подобар и општо за Idol.
Сепак, сето тоа не помогна за да остане во шоуто. Искрено сметам дека нејзе не и беше редот. Таа имаше свој идентитет и стил. Некои други тоа го немаат. Меѓу машките кандидати има најмалку 2ца кои јас би ги исфрлил пред било кој друг. Ама не одлучувам јас, нели? :D За жал, одиме понатаму со само 2 девојки! :/
За крај би напоменал дека откако заврши концертот, сфатив дека можеби и не сум бил во право. Одлуката за темата била ОК... за некои од кандидатите и многу повеќе, со оглед на тоа што се пронајдоа во песните, повеќе отколку во некои други од претходните концерти.
И сега малку "трач рубрика - Macedonian Idol". :P Според моите информации, кореографиите ќе ги подготвува извесен Љупчо, најдобар студент за модерни танци во класата на големата Русима Рисимкин. Епа, ако ова е вистина, тогаш заслужено го чекаме толку долго. :P Барем кандидатите ќе работат со најдобрите... кога тогаш! :P
Втората трач информација се однесува на паровите меѓу кандидатите. Билјана и Иван? Дали и колку има вистина во оваа приказна... како што кажаа самите, ќе покаже времето. Сепак, јас би сакал Билјана да остане single. :P :D
Наредната недела ќе исфлиме уште некоја девојка? Се надевам дека не! Само да напоменам дека фотографиите се преземени од mnogoo.mkчисто заради авторски права и заради тоа што тие се единствени што навремено постираат квалитетни фотографии од Идол.
CommentZzz?! :)

1 comment:

  1. THANKS BOBAN for sharing such a wonderful photographs of your events. It sounds like you had great blast. All of you are looking great..

    ReplyDelete