Јас уште во понеделникот имав лошо претчувство за овој концерт... :/ Општо за концертот ќе кажам дека ми се допадна темата. Тие песни не можат и не смеат да бидат заборавени. Во однос на техничкиот елемент... грешки и пропусти колку ќе посакате. Сметам дека веќе требаше да се подготвени во целост. :/ Освен тоа што жирито беше измачувачки долго во своите коментари, да не речам фалења, би ги искоментирал и водителите. Сметам дека Ненад добро се снаоѓа во својата улога и беше веројатно најдобро облечениот маж таму таа вечер. Ивана е веќе приказна за себе. Кога треба да скрати со коментари, таа развлекува и обратно. Послениот стајлинг - чудо! Одлична гардероба и пластичен стајлинг во однос на шминката и фризурата. Освен тоа и однесувањето е премногу пластично... :C
Кандидатите пак, како да се изморија. Наместо да одат нагоре, голем дел од нив се сé послаби во своите настапи. И едно прашање до организаторите... зарем навистина ќе ги остават кандидатите без танчери на сцена? :/ Страшно! Во продолжение поединечни коментари, за тоа како јас ги видов нивните настапи.
01. Дејан Јованов (Црно тиквешко) - Стајлингот, иако на прв поглед изгледа ОК, кога ќе му обрнете повеќе внимание забележувате дека е без концепт и самиот по себе е лоша комбинација на парчиња. Во однос на настапот, важно е да се напомене дека сеуште ја губи битката со тремата, движењата му беа лоша копија на ова што самио Владо Јаневски го прави на сцена, поголем дел без идеја. На моменти неговото поеење дури и не се слушаше, а во целина - не доволно добар за тоа каде се наоѓа. Сеуште кандидат кој по ништо не се издвојува од другите. :/
02. Билјана Ѓошева (Галебе мој тажен) - Кога таа призна дека стајлингот е дело на нејзината мајка, искрено, се изненадив. Ми се допадна комбинацијата инспирирана од 6о-тите, само јас наместо "блејзер" би ставил кошула во истата боја. И покрај тоа што кај нејзе веројатно најмногу се примети уморот, сепак на сцена беше одлична. "Casual" движења, многу позитивна енергија на сцена, сосема спонатно, што за чудо ми допадна. Песната ја долови на свој начин, што на моменти звучеше различно од оригиналот. Како и да е, мојот фаворит преживеа уште една елиминација! ;D
03. Ивица (Иво) Велоски (Скитник) - Еден од подобрите стајлинзи, кој според мене со бланко маица ќе изгледаше многу подобро. Пеењето му беше за нијанса послабо од претходните настапи, а со движењата едноставно претера. Сосема без концепт. Некогаш е подобро да се држиш до микрофонот. Она што кај него најмногу ми смета е тоа што делува незаинтересирано и се става "над другите".
05. Христијан Тодоровски (На 223-305) - Ако минатиот пат неговиот outfit беше пренатрупан, сега преедноставно. Ми се допадна тоа што беше интерактивен со публиката, се движи на сцената и ја користи максимално. Сепак, пеењето го запоставува и го прави своја најслаба страна. Без придружните вокали звучеше страшно лошо. Заслужена номинација, за опстанокот... не знам баш!
06. Емилија Ѓорѓевска (Ти си тој) - Пеењето "на нос" ја прави најслаб вокал меѓу тие 12, сега веќе 11. Освен пеењето, тотална утка беше и стајлнгот, кој наместо да ги скрие само ги потенцираше лошите сегменти на нејзиното тело. Како и да е, знае да се движи на сцената. Имаше координација меѓу песната и самите движења, со дозирана театралност која изгледаше ОК. Сепак, ми смета нејзиното присуство помеѓу многу подобрите од нејзе, а особено ми сметаат фалењата на нејзина сметка од жирито. Па зарем не ја слушаат?
07. Нико Ѓоргиевски (Сонце за 3 светови) - Иако на старт звучеше послабо од неговите претходни изведби, енергичниот крај си го кажа своето. Иако тој напомена дека бил болен, на самата песна и остави свој печат. Стајлингот, за разлика од изведбата, КАТАСТРОФА! Никако не смее да го повтори ова. Движењата му беа испланирани и фино изведени. Фацијалниот израз на ниво. :)
08. Јулијана Јованова (Многу солзи исплакав) - Девојката која од својата театралност направи заштитен знак. На моменти вртеше грб на публиката што особено ми сметаше. Интерпретацијата беше ОК ... и само толку. Звучните вокали (мислам на оние азбуката) премногу ги нагласува. Облеката беше добра комбинација, ама не за оваа песна. Гардеробата треба да ја придружува и надополнува песната... тоа овој пат не беше случај.
09. Виктор Апостоловски (Осамен) - И покрај тоа што обично најавите не ги коментирам, тој на неговата делуваше неписмено. Некој кој сака да стане јавна личност мора во секој момент да звучи паметно и подготвено. Со оглед тоа што сум "фан" на марамите ќе го пофалам стајлингот, со тоа што ќе напоменам дека фармерките беа најмалку 1-2 броја поголеми одошто требаше. Сепак за настапот не можам да разберам зошто секогаш мора да се препознава влијанието на Justin Tiberlake во него? Па си го поставувам и прашањето дали доколку J.T. не постоеше, Виктор ќе имаше свој идентитет? Сепак, ова му беше еден од подобрите настапи, иако глумеше лажна скромност и холивудски шарм.
10. Јана Бурческа (Ли Ду Ду) - Беше највесела и најразиграна. Остави свој идентите врз песната и покрај тоа што со неа не можеше да покаже своите вокални способности. Стајлингот недоработен. Премногу едноставен и здодевен ... ништо посебно не понесе со себе, намалку врска со песната.
11. Мики Секуловски (Кажи ми) - Конечно ми се допадна. Избра тешка песна која со максимална концентрација ја изнесе фантастично, особено со фацијалниот израз кој го пратеше низ целата интерпретација. Стајлингот ... хмм... Кој и да го работел треба да има на ум дека Мики нема 40 години. Интересно е и дека целата гардероба беше во сосема погоден број, што не беше случај со боите. Морало малку поведро, барем со кошулата. Шминката конечно онака како што треба. Браво Мики!
12. Иван Раденов (Моја гитара) - Иако се движеше ко рокер, докажа дека џезот/блузот (не ми замерајте тука) одлично му прилегаат. Иако на втората половина од изведбата загуби концентрација, прекрасно ја испеа песната, со скромни манири и без многу "филмање". Изгледаше одлично, како парчињата да ги имаше извадено од својот плакар. Спортската комбинација со палтото... и гитарата... полн погодот!
Кога ги видов 3цата номинирани, сé ми беше јасно. Знаев дека Бети ќе биде онаа која си оди дома. За жал! :C
04. Елизабета Јовановска (Признавам, не можам без тебе) - Дамата уште еднаш сосема сконцентрирана на настапот, ја пренесе емоцијата со доза театралност, што особено ми се допадна. Одлично испеано! Изгледот - конечно без земјени бои. Не беше ни плаво, ни зелено, но изгледаше многу подобро и помладо од минатите концерти. Сепак, и покрај прекрасниот избор во горниот дел, панталоните беа грешка. Ја правеа визуелно поширока отколку што навистина е.
И кога еден од најдобрите вокали ќе испадне, се прашувате што значи тоа? Дали македонската музичка свесност е на исто ниво со она на 12-годишни деца? Зарем ќе правиме финале со Justin Bieber и Justin Timberlake? Правило е дека кога мажи се фанови на конкретни изведувачи ги посетуваат на нивните свирки/концерти, додека дамите гласаат, ама ова веќе излезе од контрола! Каде се кавалерскиот пристап и уметничкото вреднување? Веројатно моето мислење нема да промени многу, но морам да кажам дека со секоја елиминација го ослабнуваме натамошниот тек на финалето, наместо тоа да биде обратно! :/
R there any comentZzz?P.S. Фотографиите се преземени од Mnogoo.mk!
"Зарем ќе правиме финале со Justin Bieber и Justin Timberlake?"
ReplyDelete:D:D:D:D:D:D
Mnogu si tocen. Emilija ne ni treba da e vo top 20, vo odnos na toa kako pee, no taa ekipa so glasa za nea, e zaslepena ocigledno..ili ne slusa.
ReplyDeleteHristijan e poveke od antipaticen, ama decata po doma gi kradat mobilnite na tato i mama i glasaat.
I juliana imase mng falsovi,da ne ja falime.
Za viktor aka justin si sosema u pravo..i mng e letnat u oblaci
loso e so na poveketo im udri slavata u glavata i sea koa ispagaat eden po eden dozivuvaat traumi
Хммм незнам колку вие млад господине се чувствувате компетентен за да ги критикувате,јавно,Македонските идоли...Студирате е-бизнис а веќе знаете кој заслужил да биде таму каде што е а кој не?Па ајде сите да гракаме на кој што му текне....па затоа не ни ја бидува државава...секој се меша каде што не му е местото.Сигурно неможеш да се пронајдеш себеси во општеството во кое живееш па си наогаш место каде би можел да се чуствуваш "битен"...несакам вас да продолжам ве коментирам...Ве молам немојте вака да го рушите рејтингот на Младите идоли кои верувам секој еден премногу се труди да докажи дека местото им е сосема заслужено...Секој од нас има право на свој фаворит,мегутоа нема право да предрасудува...
ReplyDeleteСите што мислат дека "предрасудувам" нека се распрашаат што значи Blog-от како термин... па ќе "предрасудуваме" заедно! :D А, ако не ви се допаѓа тоа што е напишано... го знаете патот, нели? Exit! :)
ReplyDeleteФала за поддршката од оние кои не се исфрустрирани и искомеплексирани! :D
идолите пеат за публиката, ако публиката (компетентна да суди или не) не ги коментира и не ги сака (без разлика колку и да се трудат) џабе им е...
ReplyDeleteтака што, добро напишано! :)
поздрав Бобан! :)
Ахахахах зашто се замараш за овакви коментари? Остави га/у сви да видив колко е неписмен/а!!! Ти си супер и текстови су ти закон! А ако некој не може да га прифати факт дека "твој свет" е много подобар од њин... Ипак тија критике су дадени да се поправив они!
ReplyDeleteСамо напред! Супер си!
Колку сте смешни :))))))) Ме напраивте исфрустириран со набиени комплекси:)))))Бобан ете како се привлекува внимание,ете како се чита твојот Blog:)))))Ти ги коментираш идолите, а јас сакам тебе да те коментирам...тебе тоа ти пречи???Ја тебе те знам, а ти мене?:*
ReplyDeleteЕдна исправка во врска со коментарот за Билјана Ѓошева.Таа не кажа дека стајлингот и го подготвила мајка и, туку дека таа сега изгледа како што изгледала мајка и во младоста.
ReplyDeleteФала за исправката! Грешка заради игра на зборови. Сепак изгледаше како да е извадена од магазин од 60-тите! :)
ReplyDeletedrag anonymous!
ReplyDeletenasava "drzava nema da ja bide" dodeka ima luge kako tebe...koi sekogas imaat extra komentari no ne hrabrsot da kazat koi se =) i luge koi ne sfacaat poenta na nesto sto se vika personal blog kade nekoj moze da kaze sto misli i cuvstvuva, sto vo ovoj slucaj ne znaci deka napaga nekogo tuku dava konstruktivna kritika =)
Anonymous 2 =)
Me interesira...jas ziveam vo Shvedska i gledam deka Idolite vo Makedonija pocnale so isti princip kako ovde...razlicna tema za sekoj koncert shto spored mene e mnogo dobra ideja. jas isto znam deka za sekoja godina se najmuva team od freelans stylisti koi imaat za zadaca da gi styluvaat Idolite, no sepak da odgovara na temata i da se zadrzi nivniot personalen stil...zashto Idolite,pak, imaat za zadaca da se koncentriraat na vokalnite sposobnosti....daöi e taka i vo Makedonija ili Idolite se odgovorni za styling, make up i performance ?!?
ReplyDeletekeep up to good work! =)
Hi Ivana! I kude nas e takoj, samo 6to "stru4ni stilisti" su studenti na modan dizajn na FON, pod palku na Aleksandar No6pal! Ipak, kandidati mozev i sami da se stilizirav, ama obi4no kt ga praviv toj izgledav mn polo6o (kako 6to be6e slu4aj ss NIKO na zadjan kocert)! Sga za sga, se u4iv i edni i drugi, ama sigurno ke bivav sve podobri u idninu!
ReplyDeleteP.S. Fala za poddr6ku! ;-)
хахах абре луѓе дојде такво време секој може да коментира што сака.!
ReplyDelete