За сите "зли духови" еве уште еден Blog за последниот коцерт на Macedonian Idol. :D Пред да ги напишам своите коментари, да напоменам дека тоа што го читате тука е исклучиво мое лично мислење. Немам лоши намери и им посакувам сé најдобро на кандидатите, ама ако некој не ги критикува, нема да се подобрат, нели? :)
Тема на овој концерт беше "Divas", што според мене е сосема оправдана одлука, особено ако се земе в обзир фактот дека претходно женската половина од кандидатите се измачи со песните на Тоше. Како демек малку им беше товарот што на првиот голем коцерт требаше да интерпретираат песни од македонската музичка легенда, па уште и песни од машки интерпретатор. Верувам дека изборот за темата беше класичен "реванш". :P
Во однос на самото шоу, сеуште технички проблеми, Иванна облечена во фустан кој ни малку не и прилегаше, Ненад се подобар во својата улога, одлично "скоцкан", иако минатиот пат повеќе ми се допадна, жирито се обиде да биде пократко во своите коментари и исходот... барем вестите не почнаа цел саат покасно! :/ И прашањето си останува: До кога кандидатите ќе бидат хендикепирани да настапуваат без танчери?!
По редот по кој настапија ќе ги коментирам кандидатите и нивните настапи според тоа како јас ги видов истите.
01. Ивица (Иво) Велоски (To love somebody) - Конечно изгледаше средено! Промената кај косата и брадата, и тоа како, го промени целокупниот изглед. И покрај тоа што нешто фалеше во горниот дел од телото (ланче, украс, марама ... сеедно), целокупниот outfit сосема му прилегаше. Во однос на истерпретацијата ќе кажам само дека звучеше зрело и на ниво на кое сме навикнале да го гледаме. Замерка имам за вртењето грб кон публиката додека пее и фактот што концептите за движење на сцена постојано му се како недоработени. Однесувањето пред камера, сеуште му е слаба страна!
02. Јана Бурческа (Think) - И покрај фактот што песната (како што беше напоменато во најавата) беше спуштена половина степен, сметам дека не беше најдобар избор. Сепак, ако се земе в обзир дека оригиналот е во изведба на големата Арета Френклин, тогаш нејзината интерпретација може да се квалификува како одлична. Иако на сцена изгледаше интересно, не беше тешко да се забележи дека таа го планирала сценскиот настап. Кај неа особено дојде до израз одсуството на танчери. Песната остава простор, кој самата Јана неможеше да го пополни. Кој и да го работел стајлингот, имал визија, ама се разбудил прерано. Доколку хулахопките/хеланките беа дезенирани, наместо ниските обувки - потпетици во стилот на 60-тите и некоја алка за да не останат рацете "голи", како што беа, импресијата ќе беше многу подобра!
03. Дејан Јованов (Simply the best) - Една од подобрите, ако не и најдобрата негова изведба! Иако, кога слушнав која песна ја избрал се сомневав во исходот, интерпретацијата беше одлична. Енергичен на сцена, со смислен концепт кој не беше здодевен, а сепак му даде предност на пеењето. Освен ланецот кој му беше прикачен на панталоните, стајлингот навистина ми се допадна!
04. Христијан Тодоровски (Like a prayer) - И покрај тоа што се обиде на песната да и остави свој личен печат, откако ,по првиот рефрен, го загуби гласот, вкупниот впечаток е дека имал и подобри интерпретации. Сценски имам само една замерка која се однесува на контролата врз енергијата, која треба да е во склад со песната која ја изведува. Некои движења едноставно беа прејаки за хитот на Мадона. Кај стајлингот ми сметаше, повторно, ланецот кој висеше под палтото, а на неговите години сметам дека наместо класичните обувки, повеќе ќе одговараа патики. Како и да е, целокупниот општ имиџ кој си го создаде кај јавноста го портретира како дете!
06. Виктор Апостоловски (Fighter) - Да се одлучиш да изведуваш песна од Агилера значи или дека си храбар, или смел, или луд! Виктор беше од сите три по малку. Песната звучеше поинаку од оригиналот, меѓутоа како да фалеше енергија во изведбата. И пред почетокот на вториот рефрен целата изведба отиде во недоглед. Сметам дека требало да оди подалеку од Агилера. За ставот кој го има на сцена ќе речам дека мора да почне да прави разлика помеѓу "RnB однесување на сцена" и се останато. Стајлингот, без многу ризик, без некои елементи поврзани со песната, но сепак убаво склопен!
07. Иван Раденов (Chain of fools) - Иако веќе виден концепт кај стајлингот, сосема добро му прилегаше и нему и на песната која ја одбрал. Она што морам да го напоменам дека и во неговиот настап фалеа танчери да му помогнат со атмосферата на сцена. Кај песните кои оставаат простор за сценски настап, а сепак мора да се внимава на пеењето, обично бендот (кој во овој случај не е на сцената) или танчерите ја "спасуваат" ситуацијата. И покрај тоа што имаше моменти каде не ми се допаѓаше неговото пеење, ќе речам дека тој нема големи амплитуди во однос на квалитетот на пеењето. Речиси сите концерти е повеќе од солиден, што веројатно е последица од искуството кое тој го има со својот бенд.
08. Билјана Ѓошева (Saving all my love) - И покрај трансормацијата која овојпат беше доловена со фризурата, фустанот го уништи визуелниот дел. Ништо на него не кореспондираше со песната, а уште помалку со Билјана. На моменти дури и се прашував да не е "во блажена состојба"! Интерпретацијата на моменти послаба, на моменти солидна, на моменти одлична. И покрај тоа што ова не е нејзината најдобра интерпретација, истата ни на еден момент не беше лоша. Друга замерка имам за сценските движења, кои со малку креативност можеле да се вклопат со пеењето. Настапот беше мил за уши, ама по малку здодевен за очи!
09. Нико Ѓоргиевски (All by myself) - Зошто Нико се вратил во Македонија? За да не наежи сите со своите изведби! Иако поголем дел од изведбата беше здрвен, не може да му се замери, затоа што песната е таква. Затоа интерпретацијата - врв! Еден од ретките кандидати чиј настап беше проследен со целосно внимание од публиката, што ја рефлектира почитта што ја имаат кон него. Outfit-от одличен. Нико направи имиџ кој се базира на сериозноста и перфекционизмот, па и стајлингот се вклопува во целост. БРАВО!
10. Мики Секуловски (Russian Roulette) - Мики или ви се допаѓа, или не ви се допаѓа. Мене порано не ми се допаѓаше. Од претходниот голем концерт е сосема спротивно. Едно е да оставите свој белег врз туѓа песна, а сосема друго е да ја интерпретирате сосема различно, па дури и да звучи како да е ваша. Тоа му успеа на Мики. Оваа изведба сосема ми ја долови песната, особено ако кажам дека не сум фан на Ријана. На сцена се држеше одлично, сосема во склад со баладата. И на сето тоа само го додавам прекрасниот стајлинг, кој со фризурата оставаше сосема модерен впечаток. Иако не сум сигурен колку овој изглед "е" Мики, можам да кажам дека сега тој личи на Macedonian Idol. :D
11. Јулијана Јованова (Lady Marmalade) - Да не беше долниот дел од outfit-от изведен во таа верзија (кратки панталони), ќе речев дека ова е најсработениот стајлинг на овој концерт. Сосема во склад со песната, а без многу "голо месо". Меѓутоа ако стајлингот беше блиску до она што го очекував, изведбата беше уште поблиску. Иако мислев дека изборот на песна не е вистинскиот, кога почна да пее, особено во "гласните" делови, Јуле едноставно го достигна врвот! Цело време имаше идеја што треба да прави на сцена, што не беше случај со сите кандидати, што само потврдува дека заедно со настапот на малиот концерт, ова е еден од нејзините најдобри!
Кога дојде време за испаѓање, големо изненадување кај номинациите. Христијан повторно номиниран, што веројатно е резултат на имиџот кој си го направи во јавноста последниве неколку недели. Впрочем тој е првиот "изсвиркан" кандидат на концертите. Потоа Виктор. Верувам дека неговата номинација се должи на муабетот дека (парафразирано) "тој ќе победи и без да се појави на концертите", кој, како и да го кажеш, звучи премногу егоистично и егоцентрично. И меѓу нив двајцата една девојка. Онаа која испадна. Емилија Ѓорѓевска.
05. Емилија Ѓорѓевска (Sober) - Иако на тој стајлинг би ставил елек изработен од кожа, наместо тексас, сепак овој стајлинг е можеби еден од најхрабрите и сработените кои ги видовме до сега. Исто така, високи штикли ќе изгледаа подобро. И покрај тоа што (како што до сега имам напишано повеќе пати) мене нејзиното пеење не ми се допаѓа, оваа изведба и беше сосема рокерски. Така и се однесуваше на сцена. За жал самата интерпретација... не успеа да ми се допадне... ни овој пат. :/
И на крај Еми си заминува од сцената на Macedonian Idol. Тоа што до сега не беше ни номинирана, а сега испадна е веројатно резултат на неконцентрираното гласање кои останатите кандидати го имаат. Како и да е, откако ја дозна веста, таа успеа да ги задржи солзите, а денеска на официјалната група на Macedonian Idol на Facebook напиша, меѓу другото, дека е среќна што стигнала до тука и дека и претставува чест што се натпреварувала во таква конкуренција, со што докажа дека знае како да се однесува пред очите на јавноста.
И за крај прашањaтa: Што ќе се случува наредната недела? Дали ќе испадне уште една од девојките? Дали конечно организацијата ќе се подобри? Дали некој ќе ми ја исполни желбата да почне да се работи и на сценскиот настап со танчери и професионални тренери, зашто сите знаеме дека еден/на пејач/ка не е само интерпретатор? Одговорот е повеќе од едноставен... ќе мора да почекаме за да видиме! :D
CommentZzz anyone? Happiness? Sorrow? :PP.S. И оваа недела фотографиите се преземени од fun.mnogoo.mk!
Se soglasuvam so sekoj komentar daden ovde... jas nemam nekoj poseben favorit... ima povekje dobri izveduvachi (vo odnos na peenjeto) miki, ivan viktor i niko... emilija i biljana bea najslabi vo sekoj pogled ovoj pat
ReplyDeleteSite bea prekrasni no Jana navistina peese dobro i pee trebase da e sleden mk Idol no i Ivan e dobar drago mi e sto e mk Idol a viktor tolku mnogu favoriti ima edna sum i jas :) no mu trebaa poveke glasovi za da bide mk Idol no se nadevame deka ke go vidime pak na scena i ke gi potseti i nasite gradovii ;):D
ReplyDelete