Ми стана пракса да чекам да помине некој ден од концертите пред да ги коментирам тука. Деновиве особено интересна ситуација на социјалните мрежи. Имаше критики, солзи, препукувања, што да не беа политичките избори во овој период, веројатно ќе беа во центарот на вниманието. Па, ајде да коментираме! ;)
Тема, како воопшто да немаше, иако официјално таа беше "The best from the artists". Мене овој пристап не ми пречеше, затоа што со ваквите теми се гледа каков избор на песни во иднина би направиле кандидатите, или барем кон какви би се стремеле.
Видеотот кое со Иванна и Ненад ми беше особено интересно. Американската практика, која тие ја применија за овој концерт, треба почесто да се применува во нашиопт етер. Го задржаа вниманието, ја кренаа атмосферата, уште пред кандидатите да се појават на сцена. А тие, на ова отварање, многу подобри од минатиот пат. Сметам изборот на песни си го направи своето. Звучеа многу почисто и поразбирливо. Иако јас за старт би ставил побрза песна, сметам дека овој дел беше добро сработен.
Кај водителскиот пар, во суштина, ништо ново. Можеби искуството на Ненад е тоа што го прави добар во оваа работа, можеби е неговата харизма и едноставност, меѓутоа Иванна ми е далеку зад него во водителските способности. Во однос на тоа како изгледаа, една работа ми е евидентна, кој и да го работи овој дел... не облекува пар, туку индивидуи, што мене ми пречи. Би било многу попривлечно за око, доколку тие двајцата, барем малку кореспондираат со своите outfit-и. Иванна оваа недела изгледаше премногу еднолично. Кога како основа земате така едноставен фустан, треба максимално да го „експлоатирате“ аксесоарот, за да не изгледа „бледо“. Тука мислам на ланчиња, каиши, марами и чевли кои би „покриле“ фустанот. Фризурата воопшто не кореспондираше со останатото. Од друга страна, Ненад изгледаше многу подобро. Иако не ми е јасно зошто во овие пролетни денови, некој ставил толку слоеви (парчиња) на едно место, иако патиките не ми одговараа со комбинацијата, сепак, во суштина, убаво изгледаше. Посебен акцент ставам на бојата на палтото, која особено ми се допадна.
Жирито оваа недела се врати на старата тактика - „Сите сте прекрасни, направивме супер селекција“! Иако сметам дека треба да критикуваат „на големо“, сепак препукувањата на релација Игор- Виктор ми пречеа. Кога сме кај Игор, стајлингот подобар од минатиот пат. Подобро класична, здодевна и добро склопена „кошула-палто“ комбинација, отколку карневалски outfit како минатиот пат. Калиопи, освен со своите долги коментари, здодевна и со стајлингот. Бела кошула, црн елек... премногу едноставно. „Келнерски outfit“! :/ За разлика од овие двајца, Тони само „ги учи“ македонските мажи, како годините не треба да влијаат на изгледот. Секоја недела е со „скроен“ изглед. Сепак, сакав да видам уште некој преубав шешир... за да му завидам! :P
Чисто како еден убав момент ми беше присуството на, речиси, сите испаднати кандидати од Идол, со тоа што Наталија, Билјана и Елизабета, на оваа гала не беа само гости. Тие беа и придружни вокали, кои, и тоа како, добро си ја завршија работата. Продукциски, оваа екипа, вреди колку целата наша естрада! :D
Ајде сега, да ги коментирам индивидуалните настапи на кандидатите! :)
01. Виктор Апостоловски (What do ya want from me) - Во интерпретацијата, по втор пат, ми пречеше нагласокот на некои англиски зборови. Меѓутоа, без некои големи фалшови, ќе речам дека солидно испеа и, она што мене ми е битно, звучеше различно од Lambert. Во однос на сценскиот настап... не видовме ништо повеќе од неговиот шарм. :/ Со ваква песна, можел да направи, и тоа како, добар концепт. Уште едно разочарување кај стајлингот. Белата кошула ми е скроз „out“, особено кога не е во панталоните, краватите не ми беа јасни... Можело многу подобро!
Ова, едноставно, морав да го ставам! :P :D
По неговиот настап, видовме креативност од страна на публиката, што за жал, ретко ја гледаме кај кандидатите, а тоа беше „мобилниот телефон“ (за жал не најдов фотографија)! Кога некој од публиката мислел на овој момент и одлично го смислил, тогаш кандидатите треба да се уште покреативни за своите настапи. На музичката сцена, многу ретко минуваат „само пејачи“... X-факторот е сé побитен.
02. Мики Секуловски (Right here, waiting for you) - Стајлингот - одличен! Ми се допаѓаат ваквите „класични“ комбинации. Трегерите оставија нешто младешко во стајлингот, чизмите беа неочекувани, а очилата ги обожавам... можеби затоа што имам исти! :P :P :D Интерпретацијата крајно моќна, зрела и чиста. Можам само да кажам дека пее подобро од 95% од интерпретаторите на македонската сцена. Во однос на движењата, тој постојано пееше, како да се обраќаше некому во публиката, што обично е најдобар пристап кај ваквите балади! Одличен настап!
03. Дејан Јованов (My way) - Фино склопен стајлинг. Кога се работи за висока личност, како што е Дејан, обично оделата се најдобар избор. Во овој случај, елекот го „скри“ стомачето, кој Дејан не го „победи“ за време на овој циклус, а марамата ја освежи комбинацијата. Она што не ми се допадна беше неговата коса. Постојано е иста, здодевна и „само исчешлана“! :/ Иако Sinatra не е лесен за интерпретација, во последните изданија очекувам помоќни, побрзи, „поритамски“, помодерни и маркетингшки поподковани избори со песните. Сепак, песната одлично ја испеа. Во однос на сценските движења, само ќе речам дека се најслабата страна на Дејан. Треба многу да се работи со него, за да најде начин како да ја пренесе емоцијата на песната. Сметам дека ваквите настапи му се премногу едноставни за индустријата кон која се стреми! :o
04. Иван Раденов (Sunday Morning) - Стајлингот ми беше сосема нејасен. Имаше премногу парчиња во горниот дел, што ме збунуваа. Краватата, брошот (или што и да беше тоа, не можев да видат добро), очилата и сето тоа во различни бои... :/ Фармерките и патиките, исто така, не ми се допаднаа. Едноставно целиот outfit ми беше утнат! За среќа тоа беше единственото нешто што не ми се допадна. Интерпретацијата навистина ми се допадна, затоа што звучеше чисто и различно од оригиналот! Во однос на однесувањето на сцена, повторно, пофалби. Беше интерактивен, смирен, а сепак се движеше, цело време насмеан. Мислам дека овој настап и оваа вечер, општо, му беа можеби и најдобри до сега. :)
По принципот кој веќе го сфативме, кандидатите во вториот блок настапија уште еднаш, овој пат со танчери/ки. Искрено не знам зошто и првиот блок не е така организиран... :/ Како и да е, еве ги моите коментари:
01. Виктор Апостоловски (Maria Maria) - Стајлингот, во суштина, не беше лош. Ама само во суштина. :/ Премногу ме потсетуваше на Timberlake и „нешто“ ми фалеше да го дополни. Сепак, идејата со срцињата (кои ги носеше во џебовите на кошулата) ми беше cute! :) Во однос на песната, ќе речам дека направил добар избор, истата одлично му прилегаше на карактерот и на вокалните способности.
Сценските движења, неговата најсилна страна, веројатно најдобар аспект од настапот. Прво ни заигра како J.T., потоа ја „заигра танчерката“, имаше свои индивидуални моменти, но и моменти со танчерската група. Во однос на кореографијата, ќе речам дека ми беше премногу статична. Исто така, сметам дека требаше да има многу повеќе флерт во неа, па песната е латино, нели? :D
02. Мики Секуловски (Freedom) - Ако претходниот стајлинг многу ми се допаѓаше, овој не беше баш таков. Зелената кошула и „лептир машната“ (да не речам пеперутка, како што е „литературно“) никако не ми одговараа. Со таква песна, стајлингот можел да биде многу подобар! :( Иако самата интерпретација беше добра, не сум сигурен колку оваа песна беше за него. Јас не би ја одбрал!
Искуството кое Мики го стекна на сцена за време на овој Идол, сé повеќе се воочува во сигурноста која тој ја има на сцена. Иако кореографијата беше, повторно, статична и премногу „стегната“, особено за ваква песна, сметам дека Мики добро си ја сработи работата. Се вклопи со девојките и го пренесе сиот свој шарм. :)
03. Дејан Јованов (Fly away) - Ако Lenny е познат по тоа што прави шоу за време на своите настапи, Дејан го направи спротивното. Неговиот настап ми беше особено здодевен, цело време една иста, еднолична, фацијална експресија, со која ни на момент не ми ја долови песната. Испеа „на сила“! Мене не ми допадна овој избор и сметам дека песната не му прилега воопшто. Не знам што беше тоа што на Калиопи и се допадна во овој настап.
Outfit-от катастрофа! Маицата беше страшно лош избор, кој ме иритираше! Фалеше иновативност! За ваква песна требаше да има и аксесоар, фризура, па можеби дури и шминка во стајлингот. Ама ништо од тоа... :/ Кореографијата ми беше сосема „шминкерска“, а требаше да биде „рокерска“. Уште една утка! Воопшто целиот впечаток ми е дека се труди да биде скромен, што е ОК. Ама премногу скромност во тој бизнис, ретко кога „пали“!
04. Иван Раденов (Missing) - Маицата на Иван ми беше интересна, фино замислена. Уште да имаше аксесоар, кој ќе ја надополнеше, ќе беше уште подобро. Вака, целиот изглед се сведуваше на маицата.
Што е со девојчево? Изгледа има трема! :P
Интерпретацијата ми беше малку чудна. Имаше моменти кога ми беше „пријатна за уво“, имаше и моменти кога тоа не беше така. Од друга страна, воочив дека работел многу на тоа да се вклопи со танчерите. Го надминал овој проблем, кој на минатиот концерт ми пречеше. Фацијално, ја изнесе песната, онака како што доликува. Иако кореографијата беше, за нијанса, подобра од другите, сметам дека можело поживо. Целосната импресија е дека Иван успева, полека, но сигурно, да се одалечи од „бендовскиот пристап“ и сé повеќе е индивидуален на сцена. Слободно можам да кажам дека овој концерт ќе го паметам по неговиот напредок! Пофалби!
Кога веќе дојде делот со испаѓање на еден од кандидатите, при што за овој концерт знаевме сите дека тоа ќе биде машко, од режијата се одлучија на пристапот „ајде да ги слушнеме уште еднаш“. Искрено, освен фактот што се гласаше уште еднаш, не ми беше јасно зошто се одлучија на ваков чекор. Како и да е, кандидатите сакав да ги слушнам со други песни, а не со оние со кои веќе ги слушнавме. Потоа жирито „паѓаше во транс“ од тоа колку добри биле овие интерпретаци, бла бла бла... Здодевно!
На крај, конечно, момците седнаа на „жешките столчиња“ и го дознавме третиот финалист. Искрено, бев многу изненаден од конечниот исход. Не очекував дека дека, како што една моја драга другарка (Lady M) рече, „fake-ерскиот локален партиотизам„ ќе ги победи тинејџерските гласови.
Мое најлично мислење е дека Виктор требаше да оди во финале. Од маркетингшки аспект, тој има многу многу повеќе X-фактор во себе од „некои“ други кандидати. Има проблеми со егото - точно, но има изглед, има „свој“ стил, кој многу подобро го претставува од Ј.Ј. на пример, има (колку-толку) и вокал... Сепак, без разлика што јас мислам, него нема да го гледаме во финале, ама сигурен сум дека ќе го гледаме на музичката сцена. Трачот дека тој е предодреден да победи, падна во вода :) , ама остави простор за оној вториот. :P
Во однос на солзите, Facebook иронија и исмевањето на децата... хммм... Сметам дека би било многу дволично од моја страна да коментирам било што, зошто и јас самиот ги like-нав поголем дел од сликите на Demotivation! Сепак, ќе напоменам дека кога и ние бевме деца, имавме свои идоли, кои за жал, не можевме да ги поддржуваме како денешниве. Нивното разочарување ми е јасно. Сепак, да се „сечат вени“ е премногу! Сметам дека родителите треба да почнат да си ја работат својата функција на родител и да им објаснат неколку работи на децата! :/
Што очекува во финалето? Многу! :D Прво, очекувам подобар избор на песни. Нешто познато, брзо, моќно, храбро! Второ, очекувам одлични интерпретации, без компромиси! Трето, очекувам „пакети“ од секој можен аспект. Очекувам „културна публика“, ако тоа воопшто е можно! Очекувам пократки коментари од жирито, подолги од кандидатите. Очекувам, конечно, одлични кореографии. Очекувам одлични стајлинзи. Очекувам шоу! Очекувам да победи мојот фаворит, бидејќи само еден од моите 2 е во финале (на еден од претходните blog-ови Ви ги кажав)! Најважно од сé, очекувам достоинствен крај на ова долго „патување“, наречено Идол! Многу очекувам, а? :D
CommentZzz anyone? WhoZzz your favorite for the final? :)P.S. Фотографиите, замислете! :P, повторно се преземени од fun.mnogoo.mk!
Работат дечкиве... со полна пареа!
Вљубените... :)
Опаааа, почнаа интервјуата! Што ли ја прашуваат,
штом и е ваква фацата? :)
Браво за Јана! Ххх, кретивно, нели? :D